About-mk

Што ме прави богата

  • Моите сакани, посебно мојата Ива со Бога
  • Моите книги : Степски волк, Сенка на ветрот, Павиљон на жените, Сто години самотија, Папата Јована, Свети Климент , Поезијата на Светлана Христова Јоциќ, Градинар, Буденброкови, Сидарта, Ана Каренина, Клеопатра, Ветрот не знае да чита, Султана, Дванаесеттата сопруга, Празник на розите, Процес, Странец,Смрт во Венеција, Добар ден таго, Девојката со бисерната обетка и најубавата бајка Девојчето со кибритчињата…
  • Мои писатели : Перл Бак, Рабиндранат Тагоре, Пабло Неруда, Петре М.Андреевски, Томе Арсовски, Емили Бронте, Томас Ман, Рилке, Сартр, Ремарк, Умберо Еко, Момо Капор, Андре Жид, Саган, Шекспир, Достоевски, Прличев, Хомер, Херман Хесе…
  • Мојата музика : Македонска A Капела, Виолината на Џорлев, Брамс, Моцарт, Вивалди, Шопен, Штраус, Нју Орлеанс џез…
  • Мои песни : Либе Стано; О Јано, Јано; Параходот; Зајди, Зајди; Кога си појдов в туѓина; Калеш Анѓа; Мона Лиза; Насмевка…
  • Мои пеачи : Тоше, Каљопи, Сузе, Андријана Јаневска, Зујца, Дедејска… Павароти, Бочели, Дин Мартин, Нет Кинг Кол…
  • Мои групи : Ил Диво, Митан, Леб и сол…
  • Моја опера и балет : Набуко, Травијата, Лебедево езеро…
  • Мои филмови : Изборот на Софија, Часови, Чоколадо, Јованка Орлеанка, Киното Парадизо, Мирисот на жената, Џулија и Џули, Моја Африка, Солунските Гемиџии, Нирнбершки процес, Бели рози за црната дама, Имитација на животот, Казабланка…
  • Мои актери : Ал Пачино, Мерил Стрип, Сусан Сарандон, Моника Белучи, Мег Рајан, Траволта, Џери Луис, Роберт Редфорд, Роберт де Ниро, Кевин Клајн, Енди Гарсија, Игор Џамбазов, Берчек, Шербеџија, Ристо Шишков, Зора Георгиева, Ненад Стојановски, Лазар Ристовски…
  • Мои сликари : Да Винчи, Ботичели, Моне, Модиглиани…
  • Моја инспирација : Богородица, Мајка Тереза ; и секоја храбра мајка страдалничка…
  • Мој дел од природата : Езеро, Море, Река и играта на Сончевите зраци врз Водата, Божилак, Есен во Швајцарија, Пролет во Скопје..Секоја стара архитектура…Костур…
  • Мое цвеќе : Кала, Дива лоза од старо розева до винова, Магнолија…
  • Мој мирис : Утро на Море или на Езеро, Жолта дуња, Ванила, Пролет…
  • Мои животни, птици… : Срна, Антилопа, Паун, Феникс, Лебед, Пеперутка,…
  • и прекрасниот подводен, океански свет

Во што верувам

  • Во Бога како премудар Креатор, кој со Љубов ни дава Можност да правиме Избори
  • Во Љубовта, Верноста, Чесноста и мојот Сопруг, кој е сето тоа
  • Во Човекот кој по природа е Добар, треба само да му се помогне да се сети дека е тоа
  • Во давањето Добри Модели на Децата од Возрасните за да креираме здрави и среќни деца, а утре зрели личности
  • Во Простувањето кое бара многу напор и време
  • Во Безусловната Љубов кон Децата
  • Во Правдата, Чесноста
  • Во неограничени можности на Човекот да прави Добрини

Што ме осиромашува

  • Шокот доживеан наново и наново после најблаго речено – атак од најнегативни човечки карактеристики

Што ме радува

  • Среќни , весели , креативни деца
  • Храбри млади и возрасни кои не се откажуваат
  • Трето доба активно и полно со надеж

Што ме растажува

  • Болката на децата и младите
  • Возрасни кои одбиваат да ги препознаат пораките за менување и сопствен раст и развој

Што ме лути

  • Војни
  • Кога ги прескокнуваме гладните, болните и несреќни деца, па и возрасни на кои им треба помош, а се бориме за Адвокати на Кучињата и отвараме фризерници за Миленичиња – кучиња , мачки…
  • Кога забораваме дека нема лоши деца, има само лоши примери од возрасните за децата
  • Кога децата страдаат заради возрасните
  • Кога хуманоста ја дефинираме со божемната грижа за животните без и да помислиме дека предност имаат луѓето, пред сè децата – толку хумани луѓе со збринети животни, а светот полн со глад, болести, смрт, посебно детска.

Мој императив

  • Да не повредувам никого, па дури ни животни !
  • Да се обидувам да помогнам секому тоа што можам и повеќе !
  • Да не престанам да верувам во универзални вредности !
  • Да се надевам и да дарувам надеж !
  • Да научам да простувам без вложување напор !

Напишете коментар