Струмички чалбур

Еве најпосле и струмички чалбур, оригинален рецепт 🙂 На мојата страница “Со љубов,за вас” го имав објавено одамна, на Coolinarika исто така, но дури сега му дојде времето на блогот. Пробајте, старински вкус и арома која не ве остава рамнодушни…
Продолжи со читање “Струмички чалбур”

Појадок за здравје

Појадокот е многу важен, знаете сите… Диетален, или богат и разноврсен, секогаш да го имате! Енергијата треба да започне наутро!
Моите родители секогаш подготвуваат пребогат појадок, пржени јајца, пржено сирење, пржена урда, пинирлии, просеник, баници…
Еден период и јас го практикував таквиот појадок, но ете дојде време кога за пржење и печење некако се нема баш многу време наутро…

Продолжи со читање “Појадок за здравје”

Богат чалбур

Чалбурот во уште една варијанта, со ќофте, компир и сирење.
Ова е моја варијанта, инспирирана од традицијата и струмичките чалбури. Излезе многу вкусно.

Продолжи со читање “Богат чалбур”

Излет

Вчера, 25 мај, овде беше празник, Assention, по нашки Спасов ден, а оваа година се паднаа заедно, во ист ден.
И беше Ден на младоста! Празник кој буди многу сеќавања, преубави сеќавања!

Продолжи со читање “Излет”

Мојот Пататник

 

Долго време овој рецепт веќе го вртам по дома, ги испробав сите можни варијанти кои ми паднаа на ум!
Е па вака почна приказната…

Продолжи со читање “Мојот Пататник”

Слатко од трендафили

2013 година ми беше година на слатката. Тогаш ги сликав и објавував…Многу од слатката правам секоја година, редовно, но ова слатко не, за жал. Тогаш се потрудив бајаги за да најдам некалемени трендафили и така остана овековечено, преубаво!
Го правев во мај, тогаш му е времето и е нешто невообичаено, навистина.

Продолжи со читање “Слатко од трендафили”

Ивина чоколадна кула со јагоди

 

Еве се обидувам да продолжам после слаткото и скарата, но тешко ми оди да го фатам ритамот…Рецепти стотици, ама си чекаат на ред.
Времето беше дождливо и ладничко, јагодите доцнат…

Продолжи со читање “Ивина чоколадна кула со јагоди”

Скара на езерото

После дождливата и ладна пролет, конечно во неделата, огреа милно сонце.
Не ни требаше многу да се мислиме за скара, одамна го чекавме моментот.
Дилемата беше на тераса или на езеро? Набрзина решивме, набрзина се подготвивме и трк на езерото…

Продолжи со читање “Скара на езерото”

Слатко од јагоди

Направив пауза, простете што не објавував, но после крвавиот четврток во Македонија, ми требаше време да се соземам, време да бидам со мисла, душа и срце, таму! Таму, дома.

Продолжи со читање “Слатко од јагоди”