Ароматично сирење со ореви

Еве нешто од празничните рецепти, најбараниот рецепт…
Оревите знаеме да ги ставиме во многу солени јадења, печени пиперки, пинџур, модри патлиџани…
А во Швајцарија, едно од најубавите сирења ми беше токму сирењето со ореви.
Овој рецепт е со бело сиренце и исто така е преубав.
Е сега се обидувам да се сетам, што сé сум ставила, зашто подготвував многу работи одеднаш, па и инспирацијата ми беше моментална. А бидејќи не можев да сликам детално што правам и што додавам, значи немам детални работни слики, сега ќе се присетувам…
Сакам да речам, и да не се сетам што сé има внатре, не треба да е проблем. Вие направете си го по ваш вкус, тоа е најдоброто и највредното, само треба да сте отворени и за нови комбинации, и за нови вкусови…

Продолжи со читање “Ароматично сирење со ореви” →

Сирење со пиперки и млад кромид

За овој рецепт сирењето е швајцарско Tomme de Vaudoise, но не е обавезно, може и друг вид сирење кое е меко и топливо внатре. Ма какво и да е, може ли без пиперки?
Всушност и нема некој рецепт, се пржи -пече сирењето на рингла, се додаваат пиперки кога ќе почне да се топи, се пржат-печат и они, и при крај се додаваат перца од млад кромид.

Продолжи со читање “Сирење со пиперки и млад кромид” →

Грав со домат

 

Една од многуте варијанти на варен грав, посен.
Имам неколку начини за подготовка на гравот, а традиционалниот струмички, со црвен пипер, може да го видите овде.

Продолжи со читање “Грав со домат” →

Пилешко со кајмак

Да пробаме нешто ново!
Овој период немам баш време за пишување рецепти, ама за среќа, имам многу сликано од сега, но и од порано необјавено, па штом уловам временце, ќе пишувам.

Продолжи со читање “Пилешко со кајмак” →

Сос со морков и пиперка

За мене најбрз ручек е пржено месо, ем вкусно, ем лесно. Но за да не биде секогаш исто комбинирано, еве малку поинаков гарнир за месо, всушност сос.

Продолжи со читање “Сос со морков и пиперка” →

Јагнешко филе во сос од морков и пиперка

Знам дека кај нас нема вакво филе, многу поразлично е јагнешкото месо, ми требаше време да се навикнам. На ова јагнешко му треба само неколку минутки да се испржи, а исто вкусно е многу, нема трунка масно, нема неколку часови печење.

Продолжи со читање “Јагнешко филе во сос од морков и пиперка” →

Посна јанија со компир и бамји

Кога е сезона на бамји, јанииита ја правиме со нив, покрај компирот. Но и кога не им е сезона, ги имаме замрзнати, па ги користиме. Јанијата може да биде и со месо, со телешко, со јагнешко, но и со свинско, сите имаме различни вкусови и правиме да ни е слатко.

Продолжи со читање “Посна јанија со компир и бамји” →

Турли тава, црвена манџа

Тавата со месо и мешан зеленчук ја нарекуваме турли тава или ѓувеч, зависи од кој крај сме.
Турли тавата, како и сé друго, се прави различно насекаде. Низ групите за готвење можеме да видиме колку разлики има, зависи од традицијата, од вкусовите во семејството, но и од она што во моментот го имаме дома.

Продолжи со читање “Турли тава, црвена манџа” →

Солена пита од кори / јуфки

Ова ќе му дојде како солен млеченик, така нешто. Корите или јуфки, може да се направат и како десерт, и како баница, пита, како сакате. Мојот млеченик кој редовно го правам е благо-солен, во средина благ, по краевите солена кора со сирење, рецептот може да го видите овде. Тоа е стар струмички рецепт, а се прави и само благ, без солена кора, ќе следува рецепт.

Продолжи со читање “Солена пита од кори / јуфки” →

Печени ребра

Нешто посебно рецепт за ребра и не знам дали треба, но ете за помладите кои започнуваат во кујната, добро е да се има. Овде не треба ни сервирање, ниту декорации, едноставно е, само да си ги погодите на вкус и добро да ги испечете.
Вака ги правам секогаш, а друг начин е да се испечат на скара.

Продолжи со читање “Печени ребра” →