Печени ребра

Нешто посебно рецепт за ребра и не знам дали треба, но ете за помладите кои започнуваат во кујната, добро е да се има. Овде не треба ни сервирање, ниту декорации, едноставно е, само да си ги погодите на вкус и добро да ги испечете.
Вака ги правам секогаш, а друг начин е да се испечат на скара.

Продолжи со читање “Печени ребра” →

Суви, везени пиперки со грав

И сега, она нашето, она по кое сме познати, суви пиперки со грав.
Срам да им е на оние кои се срамат од оваа наше прекрасно јадење или се мајтапат уште!
Таква вкусотија не знам дали постои на светот!

Продолжи со читање “Суви, везени пиперки со грав” →

Модар патлиџан со палента

Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.

Продолжи со читање “Модар патлиџан со палента” →

Печени тиквици со каша

Еден здрав начин за подготовка на тиквички. Крцкави, ароматични, перфектно мезенце…

Сами си се печат, само кратка подготовка и имаме одличен оброк или додаток.

И за тиквиците имам стотици рецепти, таман додека сум жива да објавувам, полиени вака, неполиени онака, печени, пржени, живи, со сос, каша… 🙂

Овде се поинакви, со зелена лушпа се, има мала разлика во вкусот…

Овој рецепт повеќе е за тукашните, зашто нашите се поголеми и помеки, но ако се помали и многу свежи, изводливо е, ми се чини.

Листовите тиквици треба да станат како чипс еден вид 🙂 Продолжи со читање “Печени тиквици со каша” →