Сос со морков и пиперка

За мене најбрз ручек е пржено месо, ем вкусно, ем лесно. Но за да не биде секогаш исто комбинирано, еве малку поинаков гарнир за месо, всушност сос.

Продолжи со читање “Сос со морков и пиперка”

Макало од компир, суви пиперки, праз

 

Можеби ова јадење е повеќе за во зима, но мене ми е убаво секогаш.  Вкусно, посно јадење кое може да замени оброк. Има многу варијанти, многу рецепти, а и јас секогаш различно го правам…
Кој не сака посно, со сиренце е преубаво!

Продолжи со читање “Макало од компир, суви пиперки, праз”

Тава ориз, компир и суви пиперки

Не е многу здраво можеби, но комбинацијата ориз и компир многу ја сакаме зашто вкусот е преубав. Подготвувам задушен ориз и печен компир, може и мевце, но еве и вака, иако поретко, а зависи од времето што го имам и зафатеноста на шпоретот.
За вкусно, гарантирам 🙂

Продолжи со читање “Тава ориз, компир и суви пиперки”

Макало со компир и суви пиперки на мој начин

 

Макалото е потипично за западниот дел на Македонија, каде сувите пиперки се неизбежен дел од кујната. Рецептите се многубројни, за разлика од југоисточниот дел каде има пак и сосема поинакви рецепти. Самото поднебје, односнo услови и клима го одредувале тој начин на обработка на пиперките.

Продолжи со читање “Макало со компир и суви пиперки на мој начин”

Тиквици со кашкавал

Едноставни, брзи и секогаш на трпезата, во разни комбинации…

Продолжи со читање “Тиквици со кашкавал”

Тиквици со бунгур

Тиквици на сто начини 🙂
Разноврсноста ја краси нашата трпеза, а и нашето здравје.
Овој пат подварени и полнети со бунгур, помешан со зеленчук.

Продолжи со читање “Тиквици со бунгур”

Тиквици и патлиџани со печурки

Еден вид летна долма, полнети тиквици и модри патлиџани, со печурки.
Ако не сакате месо, печурките се одлична замена, како што знаете.

Едноставен рецепт, но многу вкусно. Тогаш кога ги правев, имав и округли мали патлиџани, кои не се лоши, на вкус се поразлични и им треба подолго готвење. Навики, вкусови…

Продолжи со читање “Тиквици и патлиџани со печурки”

Летен ориз

Веќе имам објавено задушен ориз, се подготвува на рингла, значи не е класична тава ориз. Рецептот може да го видите овде.

А сега ориз со тиквички, на мој начин 🙂 Превкусно летно јадење!

Продолжи со читање “Летен ориз”

Пинџур со модар патлиџан и пиперки

На некои рецепти, ептен им се радувам и многу ми е мило што ви се допаѓаат. Пинџурите спаѓаат во тие рецепти, убав наш пинџур на сто начини, сите поинаку го правиме, а сепак е истиот, надвременски.

Продолжи со читање “Пинџур со модар патлиџан и пиперки”

Модар патлиџан со ајвар и павлака

Ако имате уште од стариот ајвар, време е да го потрошите, иако не верувам дека ви останал 🙂 Јас правам по малку, па морам после да се докупувам. На тема модриот патлиџан, уште по некој рецепт низ годините 🙂

Продолжи со читање “Модар патлиџан со ајвар и павлака”