Слатко од кајсии

Слатко од кајсии
Слатко од кајсии

Одморив ден-два, продолжувам 🙂

Кајсиите многу ги сакам, посебно печени во тесто, торта, зашто стануваат уште поубави. Ако се премногу благи, при печењето стануваат красатки, мераци.

Слатко не бев правела досега од кајсии, само џемови…
Решив да пробам, но како овде немам вар, повторно се послужив со сода бикарбона.
Вие доколку можете користете варова вода, секако е подобро, зашто кајсиите се “брашнеста” текстура и содата не е доволна за нив. Но, колку за мерак, направив 🙂

 

Состојки

  • 1 кг кајсии
  • 20 гр сода бикарбона
  • 2 л вода
  • печени бадеми

Шербет

  • 600 гр шеќер, или по желба
  • вода колку да се залие шеќерот
  • 1 ванила
  • лимонов сок
  • мискимбре/слаткарче

 

Постапка

  1. Подгответе ја водата со сода бикарбона, може и повеќе сода да ставите.
  2. Измијте и излупете ги кајсиите и веднаш ставете ги во водата со сода бикарбона. Нека стојат во водата половина час, најмалку.
  3. Ставете ги бадемите во врела вода 5 мнути, излупете ги и испечете ги.
  4. Подгответе го и шербетот, нека вари 10-15 минути.
  5. Измијте ги кајсиите убаво, но внимателно, извадете им ги семките, ставете бадемчиња и пуштете ги во шербетот, нека се варат на тивко.
  6. При крај ставете малку сок од лимон, ванилин шеќер и ливчиња слаткарче.
  7. Кога е готово, покријте го со кујнска салфетка, нека постои, а подоцна соберете го во тегли.

Ова слатко ми е баш десерт. Не го варев премногу шербетот, не сакам густи шербети, тешки ми се, а искрено и кајсиите не би издржале… Секако со варова вода е поинаку, но кога условите се такви какви се, и содата врши работа.

Ако ви излезат бадемчињата, ништо страшно, ќе ставите повторно.

Добив освежително, мирсно, волшебно десертче.

Пријатно!

Слатко од кајсии

Слатко од кајсии Слатко од кајсии

 

Loading Facebook Comments ...

2 thoughts on “Слатко од кајсии

Напишете коментар