Карфиол, тиквици и пиперки со кашкавал

303views

 

 

Карфиолот почнав да го засакувам, браво за мене! Го користам многу, во чорби, а и на разни начини подготвен…

Оваа шарена комбинација беше гарнир на кременадли. Ја препорачувам и како засебна посна, со посен кашкавал.

Состојки

  • 1 цела главица карфиол
  • 1 тиквица
  • 3 црвени пиперки
  • 2-3 главици млад кромид
  • мускатно оревче
  • сол, црн пипер
  • маслиново масло
  • пржени пиперки
  • кашкавал

Постапка

  1. Подгответе го зеленчукот, карфиолот на цветови, па преполовени, кромидот на ситно, а другото на кришки.
  2. Испечете го карфиолот на грил тава, премачкана со зејтин.
  3. Испечете ги тиквиците на ист начин.
  4. На крај испечете ги пиперките.
  5. Наредете ги во еден сад за печење. Јас имам тавче поделено на средина, па во едниот дел ставив карфиол, а во другиот тиквици и пиперки, но вие како сакате, тоа воопшто не е важно.
  6. Во карфиолот ставете сол, црн бибер и рендано морско оревче, а кај пиперките сол.
    Ставете младо кромитче.
  7. Изрендајте кашкавал одозгора и на печење, само колку да се запече кашкавалот.

Зелените пиперки исто така се испржени и послужија како гарнир!

Пријатно!

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар