Пилешко со карфиол во кори

 

Еднаш објавив пилешко со карфиол на страницата, сега ја доразвив базичната идеја. На вакви начини карфиолот го јадеме повеќе. Тогаш го правев за потребите на УН диета и баш ни се допадна.

Пробајте, нови вкусови се секогаш дпбредојдени.

Состојки

  • 500 гр пилешки гради
  • 1 главица карфиол
  • 2 главици млад кромид
  • 2 листа целер
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка
  • 2 зелени пиперки
  • 1 полна лажица брашно
  • неколку дафинови листови
  • сол, бел бибер, сушен зачин
  • малку бело вино
  • зејтин

Постапка

  1. Подгответе го зеленчукот и месото, миење, чистење, сечење…
  2. Ставете го зеленчукот да се пржи. Зачувајте еден дел од карфиолот на страна, пржете на среден оган, внимателно ништо да не изгори, посебно младиот кромид.
  3. При крај, ставете брашно, свртете го неколку пати да добие боја, па додадете ладна вода, мешајте убаво за да се раствори. Додадете сега малку вино и зачините.
  4. Додека се динста, во друга тава, испржете, поточно испечете го месото, а при крај додадете го карфиолот. Нека добијат убава боја.
  5. Сега месото и карфиолот ставете ги кај зеленчукот, оставете малку месо настрана. Промешајте.

Сервирајте едноставно, помешано или прво сосот, па месото, па прелијте повторно од сосот.

Јас направив корпички од кори, но тоа не е обавезно. Се прават многу лесно, се сечат по желба неколку кори, се редат на подмачкан сад за во рерна и кратко се потпекуваат.

Експериментот беше успешен 🙂 Дафиновиот лист со вино, брашненце, пилешко, пиперки,  е па може и карфиол, чиј вкус е преубав на овој начин. Всушност попримува од сосот и коначно  добива вкус.
Сигурно имам и сува пиперка ставено 🙂

За сите кои сакаат, но и не сакаат карфиол, го препорачувам рецептот, превкусно е!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар