Нешто од рибите ставив во тавата Риба во сос, нешто испржи Мишел и ете уште еден рецепт.
Инаку шпецлите се типичен швајцарски специјалитет кои сите ги обожуваат. Тие најчесто ги комбинираат со гулаш, зајак, дивеч…
Се прават од брашно, млеко и вода, јајца, сол. Ако сакате да подготвите домашни, еве еден рецепт, кликнете овде.
Но Швајцарците денес ретко влегуваат во кујна, тие и сецкана салата ќе си купат ако можат, практични се ептен.
Порано швајцарската жена не работела, била дома и многу се готвело заради тоа што имале работници на фармите. Швајцарија била воглавно фармерска земја, нивните кујни во старинските фармерски куќи се снабдени со долги дрвени маси, каде ручале и работниците…
Рецептите кои датираат од стари времиња се многу интересни, поточно многу слични на нашите, казански, со таа разлика што тие црвениот пипер не го користат толку многу.
Денес е поинаку, брза храна, брзо приготвување и полуготови производи кои треба само да се довршат, мали семејства, самци…
Фондју-Fondue и раклет-Raclette, папе вудоа-Papet vaudois, ројшти-Rösti, преубави колбаси и тоа е воглавно, но многу, многу вкусно!
Состојки
- пастрмки
- шпецли
- сос од кромид и домати
- рузмарин
- маслинов зејтин
Постапка
- Најпрво подгответе го сосот, рецептот може да го видите овде.
- Потоа подгответе ги шпецлите, се пржат 5 минути.
- И сега рибата, се пржи-пече на премачкан тефлон. Внимателно се превртува и се внимава да остане сочна, а сепак да има убава боја.
Се сервираат заедно, преубава комбинација 🙂