Брокула на рингла

Брокула на рингла
Брокула на рингла
592views

 

 

И свежа или замрзната, секогаш ја правам со нешто плус, ете не сум генерација на брокулата.
За сите како мене, го препорачувам овој начин, вкусно е многу, а сепак се сочувуваат важните состојките.
Но морам да нагласам дека најздраво е свежа, обарена кратко и убаво е да се јаде во разни комбинации.

Состојки

  • брокула
  • лук
  • сол, црн пипер, мускатно оревче
  • брашно и палента
  • маслиново масло
  • кашкавал
  • павлака
  • магданос

Постапка

  1. Брокулата се обарува во солена вода, потоа се мие со ладна вода за да и се сочува бојата. (Цврстите делови ги сечам и ги варам малку подолго од зелениот дел).
  2. Се суши со хартиена салфета, се сече по желба.
  3. Парчињата се увалкуват во брашно и палента помешано, кај фати, фати, нема потреба да биде еднакво покриено, целта е за малку вкус на панирано.
  4. Грил тава или тефлон се премачкува со маслиново масло. Се загрева маслото, се пржат кратко, се наросува пресиран лук, се додава рендан кашкавал, павлака или кисело млеко, зачините.
  5. Се свртува еднаш, два пати во тавата и после имате гозба, вкусно, превкусно 🙂

Во комбинација со нешто друго, имате комплетен оброк, пржено компирче на пример, а и некое мевце, ако сакате, но мене ми е вака супер.

Пријатно!

 

Брокула на рингла

 

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар