Макало од компир, суви пиперки, праз

Макало од компир, суви пиперки, праз
Макало од компир, суви пиперки, праз

 

Можеби ова јадење е повеќе за во зима, но мене ми е убаво секогаш.  Вкусно, посно јадење кое може да замени оброк. Има многу варијанти, многу рецепти, а и јас секогаш различно го правам…
Кој не сака посно, со сиренце е преубаво!

Сличен рецепт имате овде. Оваа комбинација е честа во струмичкиот крај, но повеќе како прилог, а како макало е типично за западните краеви каде се среќаваат преубави рецепти кои за прв пат ги видов во групите за готвење, па сега ги правам со посебна благодарност.

 

Состојки

  • неколку компири
  • неколку суви пиперки
  • праз
  • сол
  • зејтин

Постапка

  1. Компирите се варат и пасираат.
  2. Сувите пиперки исто се варат.
  3. Празот се сецка ситно и треба да се истолчи малку со сол.
  4. Од сувите пиперки со лажиче се собира месото под лушпата и се толчи.
  5. Компирите, празот и пиперките се мешаат, се ставаат зачини по желба.
  6. Може да се додаде зејтин или да се угори и прелие смесата.

Одлично е како посно јадење, салата, мезе, прилог, како ви одговара, така.
Дотерајте си го на вкус, додајте по желба зачини, а ако сте од битолскиот крај, ќе знаете да го направите оригинално.
Пријатно!

Макало од компир, суви пиперки, праз

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар