Сирење со пиперки и млад кромид

Сирење со пиперки и млад кромид
Сирење со пиперки и млад кромид
862views

За овој рецепт сирењето е швајцарско Tomme de Vaudoise, но не е обавезно, може и друг вид сирење кое е меко и топливо внатре. Ма какво и да е, може ли без пиперки?
Всушност и нема некој рецепт, се пржи -пече сирењето на рингла, се додаваат пиперки кога ќе почне да се топи, се пржат-печат и они, и при крај се додаваат перца од млад кромид.

Комбинацијата е битна, а и вкусот на сирењето, секако.

 

Состојки

  • сирење за топење
  • пиперки
  • млад кромид
  • магданос

Постапка

  1. Пиперките се сечат на ленти.
  2. Потоа се подготвуваат перца од млад кромид.
  3. Сирењето се става на тавче да се пече на рингла, да почне да се топи.
  4. Штом почна да се топи, се ставаат пиперки на тенки ленти.
  5. При крај се додаваат перцата.

Може да зачинете по ваша желба.
Може да биде предјадење, или појадок, вечера, како сакате.

Пријатно!

 

Сирење со пиперки и млад кромид

Сирење со пиперки и млад кромид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар