Компир на кришки

Компир на кришки
Компир на кришки

За љубителите на компирот еве еден наједноставен начин, вкусен и декоративен компир.
На француски е gratin, но обавезно со некој крем, а сега и кај нас е актуелен компир хармоника, во сите варијанти…
Секогаш и секаде, ако не е компир, патати ќе е, обожуваме 🙂

Состојки

  • компир за печење
  • маслиново масло
  • сол, бибер, буковец…

Постапка

  1. Излупениот компир се сече на кришки, се премачкува со маслиново масло и се става на хартија врз плех за печење, но не целосно отворени.
  2. Се пече до саканата боја и секако мора да пробате дали е испечен.
    Кришките се отвараат и компирот се пече и внатре.
    Зачини е подобро да ставите на крај, за да не се промени бојата на златестиот компир.

Може да биде преубав гарнир, но исто така и засебен оброк.
Си го префрлувате каде сакате да го комбинирате и го украсувате.

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар