ДВЕ ВЕРЗИИ
Почитувани посетители, драги мои, продолжуваме со рецептите.
Некои од нив се веќе објавени минатата или оваа година, па само ќе се потсетиме на нив.
Секако дека ќе има и сосема нови, досега необјавени рецепти.
Но овие кои веќе негде биле објавени, многумина немале можност да ги видат или ги подзаборавиле, па ете коначно си доаѓаат “дома”, редно беше.
Си доаѓаат каде што им е местото, на блогот.
Минатата година, некаде во јули месец, бев прочитала едно убаво сеќавање за врелите летни вечери во Скопје, излегувањето по бавчите и по терасите на рестораните, поточно сеќавање за скопските палачинки…

Убави времиња…
Се сеќавам и јас, лесно е да се вратат убавите спомени…
Родителите нé носеа најчесто на палачинки во Гранд хотел или Панорама, а во парк на ќебапчиња, како помали…
Се сеќавам и јас, лесно е да се вратат убавите спомени…
Родителите нé носеа најчесто на палачинки во Гранд хотел или Панорама, а во парк на ќебапчиња, како помали…
Затоа би сакала, да се потсетиме на палачинките А ла Водно.
Оние кои ги пробале, не ги заборавиле, сигурно!
Оние кои ги пробале, не ги заборавиле, сигурно!
Последен пат ги јадевме со моите родители на Средно Водно, на мое пријатно изненадување дека уште се прават. Само што сега, ние ги носевме родителите, а не тие нас.
Беше големо изненадување и за нив…
Се потсетивме заедно на едни убави времиња…
Беше големо изненадување и за нив…
Се потсетивме заедно на едни убави времиња…
Кога резервирав, интересна беше забелешката на вработените дека мора да сме минимум четворица, печката не ја палат за помалку луѓе.
А сега слушам дека ресторанот веќе и не работи.
Штета!
Тоа беше најубавото место каде можеше да се освежиме во врелите лета.
Најубавиот поглед на Скопје и најубавите поминати мигови…
А сега слушам дека ресторанот веќе и не работи.
Штета!
Тоа беше најубавото место каде можеше да се освежиме во врелите лета.
Најубавиот поглед на Скопје и најубавите поминати мигови…
Палачинките А ла Водно, во Панорама или Средно Водно, беа најубавото нешто во тоа време, беа посебно доживување, елем кога ги фламбираа пред нас…
А беа навистина многу вкусни.
Бидејќи сите правиме разни, превкусни вратоломии со палачинките, мислам и не ни треба рецепт.
Сепак, овој локален, но надалеку познат десерт, го најдов на интернет под име палачинки Водно, и тоа на српски. Доколку ви треба ориентационо како се прават, еве го преведен рецептот, но го нема фламбирањето.
Состојки за палачинките:
2 јајца
200 гр. брашно
1/2 л. минерална вода
50 мл. зејтин
малку сол, малку шеќер
Состојки за фил:
разно овошје, свежо или конзервирано
6 белки
200 гр. шеќер
Палачинките се филуваат со овошје по желба, се редат во ватростална чинија, одозгора се става шамот и се потпекуваат 5 – 8 минути.
Тоа е објавениот рецепт на интернет, од непознат автор.
Палачинките се филуваат со овошје по желба, се редат во ватростална чинија, одозгора се става шамот и се потпекуваат 5 – 8 минути.
Тоа е објавениот рецепт на интернет, од непознат автор.
Но јас ги направив по мое, ги премачкував со ванила крем, ставив разно свежо и смрзнато овошје, кајсии, праски, брусница, малинки, капинки, боровинки и мелени бадеми, обично заролани, одозгора шам од 3 белки и ги потпеков.
Конзервирано овошје не ставив, некако поубави ми се со свежо и смрзнато овошје.
Не ги ни фламбирав, тоа ќе остане само во сеќавањата…
Конзервирано овошје не ставив, некако поубави ми се со свежо и смрзнато овошје.
Не ги ни фламбирав, тоа ќе остане само во сеќавањата…
А може следен пат да го направам и тоа
Преубави се и вака, можете да ги дотерате по ваш вкус.

∼ ♥ ∼
Палачинките А ла Водно, поточно нивното спомнување и објавување од моја страна, минатата година во јули месец, предизвикаа прекрасни спомени кај сите што сме имале можност да ги вкусиме, сите што одамна паметиме
.
Се појавија разни верзии, пишан рецепт и рецепт од вработен во кујна во тоа време, и многу, многу коментари.
Бескрајна благодарност за интересот и потсетувањето!
Бескрајна благодарност за интересот и потсетувањето!
Се разбудија убави сеќавања од многумина, секој има поинаков рецепт, па според мене, заради разликите, можно е да имало повеќе верзии.
Како течеле годините, така се менувал и рецептот.
Како течеле годините, така се менувал и рецептот.
Фламбирањето на пример, го нема во пишаниот рецепт кој е многу стар, ниту пак го имаше во ресторанот Средно Водно, кога последен пат имавме можност да уживаме во нивниот вкус.
А сепак, фламбирање постоеше во седумдесетите години на минатиот век, тоа е факт.
Да резимираме за моите верзии.
Првиот пат ги направив со свежо и смрзнато овошје, бадеми, ванила крем и шам од белки.
Првиот пат ги направив со свежо и смрзнато овошје, бадеми, ванила крем и шам од белки.
А вториот пат ги направив со потполно истото овошје, само без кајсии.
И наместо бадеми ставив ореви, а жолчките ги додадов во изматените белки.
Која верзија е поубава?
Исто убави, преубави, а оревите или бадемите, овде не прават голема разлика.
Но ако е само шам од белки или пак има и додадени жолчки, различно е, секако.
Но ако е само шам од белки или пак има и додадени жолчки, различно е, секако.
Но тоа се веќе нијанси кои не го менуваат главниот, прекрасен вкус.
Двете верзии ни станаа најомилен десерт.
Двете верзии ни станаа најомилен десерт.
Исто, а различно…
Иако овие две верзии се моја импровизација, не се многу далеку од оригиналот (кој исто е со многу верзии и останува сепак некако таинствен, недопирлив).
Која и верзија да ја правите, нема да погрешите!
Дотерајте ги по ваш вкус и верувам дека ќе го добиете таинствениот рецепт…