Анасонот е зеленчук кој овде многу се користи. Кај нас го знаеме како аромат, се става во струмичката мастика, на пример. Никогаш не сме подготвувале во Мк, ниту бев видела на пазар, пробав за прв пат минатата година, овде. Продолжи со читање “Пржен анасон”
Ознака: анасон / морач
Морач, поточно обичен морач (латински: Foenículum vulgáre) — растение од родот семејството на штитоцветните (Apiaceae). Се користи како лековита, зачинска, медоносна хранлива и индустриска билка. Висока од 1-2 м со пријатен мирис и вкус.
Популарните имиња на растението се коморач, македонски анасон,аптекарски копар, Волош копар. Во Македонија е присутен со два подвида: subsp. vulgare и subsp. piperitum.