Слатко од лубеница

Еве стаса и слаткото од лубеница, кое е навистина преубаво…
Замислете ги креденците полни со тегли од најразлични слатка и како што сите знаеме, изнаредени што повисоко, за да не ги дофатат децата…
Слаткото било пред сé за гости, а и денес слушаме анегдоти во секое семејство, згоди и незгоди со изеденото слатко, кое требало да пречека и отсрами пред многу народ.
Потоа дојде некое ново време, во 80 и 90 купувавме од зелениот солунски пазар…
Беше чудно некое време, кога стана модерно да се вели, јас не сум по кујната, за среќа брзо помина…
Мене не ме фати таква мода никогаш, но слатката навистина почнав да ги правам многу покасно.
Мојата мајкичка правеше, ни даваше…
Сé во свое време, почнав да ги правам едно по едно…
Слатката ги сликам многу, ме фасцинираат, играта на светлина ме воодушевува, не сакам да бидам досадна, но мислам на блогот е одлично организирано ако не сакаш да ги гледаш сите фотки, не мораш 🙂

Има повеќе рецепти, а за старинскиот начин важно било да се стави малку оцет при првото варење. Според еден друг рецепт лубеницата се ставала во варова вода. Кој и да е рецепт, со една или многу води, слаткото е навистина и за пред гости, оти денес си правиме повеќе за себе…

Продолжи со читање “Слатко од лубеница”

Ивини момички со ориз и авокадо

Приказната за Ивините момички е од времето кога дојдов да живеам во Швајцарија.
Забележав еден метален прстен кој беше полнет со овошје, во Мигрос беше и ми се виде многу интересно…Не сум многу по овошјето, па веднаш смислив да пробам со варен зеленчук. И така се родија првите момички, од морков, компир, цвекло…
Подоцна им го дадов тоа име зашто ме потсетуваат на Ива со разиграните другаркички… Продолжи со читање “Ивини момички со ориз и авокадо”

Бомбици со ракчиња

Да не биде само струмичка кујна, еве еден прекрасен рецепт, нешто ново…Не знам дали би ми паднало на ум оваа комбинација ако не видов нешто слично на Интернет, па си го прилагодив на мојот вкус… Ме привлече, што друго, ако не пиперката…
Рецептот е всушност тајландски, но ме изненади колку ни е блиска комбинацијата, освен ракчињата…
Сосот беше сосема поинаков, останав на наши вкусови, може другпат да пробам…

Ги правев многу оддамна, па си чекаат стрпливо како и многу други рецепти, необјавени сеуште…

Продолжи со читање “Бомбици со ракчиња”

Диња со сирење, пршута, пинџур

Веќе објавив како ја јадеме лубеницата. На ист начин ја јадеме дињата, а и грозјето, секогаш со сирење и лепче.
Има уште еден начин за дињата, кој е дојден многу покасно, кој се одомаќини кај нас како и на многу други места, со слични клими на медитеранската.
Уживајте во секое време со овие преубави комбинации…
А да, со ова, Струмичани наздравуваат со мастика, онаа нашата, најубавата, мразна, замаглена од ледените ѕвездички…
На здравје!

Продолжи со читање “Диња со сирење, пршута, пинџур”