Водич низ блогот

Почитувани,

Нешто многу корисно за Вас!!!
Како полесно до мојот блог и рецептите за Вас!

Како што Ви е познато, овој мој блог за рецепти е со име: vesnarohrrecepti.com

Преку Интернет

Ако сакате да го најдете мојот блог на Интернет, треба да напишете : vesna rohr recepti, на адрес барот, на ист начин како што барате други страници со Google.

 

Преку  ФБ

Има уште еден начин да се влезе во блогот, а тоа е преку рецептите кои ги споделувам на мојот фб профил и на мојата страница за рецепти Со љубов, за вас.
Сé што треба да направите е да кликнете на рецептот и веднаш сте внатре во блогот, поточно на рецептот.
Можете да го видите рецептот, но исто така можете да ги видите и сите останати рецепти.
Овој водич е овде за да Ви даде некои корисни информации за полесно снаоѓање внатре во блогот.

Главни функции на блогот

Функции на блогот
Функции на блогот

Најпрво, на врвот можете да ги видите КАТЕГОРИИТЕ (Добредојдовте/ Главно јадење/Ива рецепти и т н.)
И сега, зависи што сакате да најдете, таму и кликнувате. На пример, сакате да најдете рецепт за торта или колачи, тогаш ќе кликнете на ДЕСЕРТ.
Сакате да најдете салата или чорба, ќе кликнете на ГЛАВНО ЈАДЕЊЕ и ќе ви се отворат сите останати категории меѓу кои е и појадок, чорба, салата…(1)

На десната страна се наоѓаат истите категории, и таму може да кликнете. (3)

Ако сакате да најдете некој рецепт според некој збор, на пример, путер, или јајца, брашно, или лук, или пак име на некој рецепт, на пр. Васина торта, или само торта, го користите празниот простор ПРЕБАРУВАЈ, десно, горе, и таму пишувате и кликнувате. Напоменувам, да пробате да напишете прво со кирилица, а ако не најдете, користете и латиница. Ќе ви се појават сите рецепти каде се спомнати путер или лук, торта…тоа што сте напишале.(2)

А овде, повторно на десната страна, ќе ги видите Сличните рецептиRelated post(4)

Ако сакате да напишете коментар, Ве замолувам да го напишете овде, на местото одредено за тоа, како би бил корисен за сите други посетители, на пример, како Вие го подготвувате јадењето или други размислувања. (5)

Ако сакате да поставите Ваша фотографија од јадењето, идентификувајте се со клик на копчето LOGIN with facebook.
Потоа поставете ја фотографијата од Вашиот компјутер. (6)

Кога сте на ѕидот, значи на ДОБРЕДОЈДЕ, тогаш ги имате сите рецепти како сум ги објавувала, освен првите, но работам на тоа, ќе ги ставам и во таа категорија За да видите некој рецепт детално, ќе треба да кликнете на насловот на рецептот и ќе влезете во него. Во спротивно, нема да може да направите copy-past ако сакате, ќе ви излезе нешто друго. Можете да ја користите и опцијата SHARE/СПОДЕЛИ, што ви е на десната страна.

Се надеваме водичот ќе Ви биде од корист!
Слободно прашајте ако треба дополнително нешто.
Би сакала да ги чујам Вашите импресии од мојот блог.
Секако и што е она што недостасува според Вас и како би можеле да направиме подобрување.

You may also like

Loading Facebook Comments ...

2 thoughts on “Водич низ блогот

Напишете коментар