Водич низ блогот

Почитувани,

Нешто многу корисно за Вас!!!
Како полесно до мојот блог и рецептите за Вас!

Како што Ви е познато, овој мој блог за рецепти е со име: vesnarohrrecepti.com Продолжи со читање “Водич низ блогот”

Перкии во зелник

На дедо ми

Мојот омилен рецепт, варијанти многу, овој пат само со кромид и доматен сос.
Рипчињата беа испржени, ни останаа, оние од настанот, па утредента нов ручек 🙂

Сличен рецепт може да видите овде.

Продолжи со читање “Перкии во зелник”

Честита годишнина!

Минатата година, овој период, ја привршувавме подготовката на блогот.
Мојот сопруг, со срце и душа се посвети на таа работа и еве до денденес е така, зашто блогот е како живо суштество, треба да се “храни”, одржува, променува, поправа…
Истуркавме една годинка!

Продолжи со читање “Честита годишнина!”

Некои есени носат многу надеж…

Многумина ја сакаат…
А јас сум од оние пролетните птици, го сакам раѓањето повеќе, и изгревот наместо залезот…
Животот ме научи да не го сакам умирањето, знам, сите не го сакаат, но не сите го имаат почувствувано безвременскиот крик кога не му е време.

Продолжи со читање “Некои есени носат многу надеж…”

Добре дојдовте, драги мои

Денес е радосен ден!
 
Денес, поточно ноќта помеѓу 7 и 8 август 2016, значи точно пред 10 години, го отворивме блогот, на наша, посебно на моја радост.
Но, времето покажа дека е на радост и на многумина, кои како што самите велат, учеле да готват од мојот блог и од моите рецепти.
И на радост на сите кои искрено ми пишуваат дека се благодарни за старинските рецепти, но и за многуте новосоздадени.
Благодарни за сите идеи за декорирање, совети, но благодарни и на носталгичните приказни кои ни го носат времето кое мириса на среќа….
И секако, благодарни за прекрасните фотографии за кои сум посебно врзана.
 
На сите кои макар кратко сте ѕирнале овде, макар нешто малку сте се инспирирале да направите, бескрајно Ви благодарам!

За жал, времето кое го имав од 2012 год. за посветеност на објавување рецепти, траеше до 2018 год., кога повторно се вработив.
Готвев, фотографирав, но не бев во можност да објавувам, имав други приоритети.
Минатата година, повторно се создаде можност за објавување, почнав да го правам тоа, но воглавно во групи за готвење.
Едвај нешто ставив на мојата фб страница – Со љубов, за вас.
За блогот, кој бара многу поголема посветеност и време, не доаѓаше ред.
И така, малку по малку, почнувам да се враќам…
Иако темпото не може да биде исто како што било, важно е да не се откажуваме.

Времињата се менуваат…
Сега е време на видеа, најкорисни и најпрактични за учењето за готвење.
Но јас останувам на старинскиот начин на доживување и импресија од храната, преку чудесната моќ на фотографијата. И секако, волшебната моќ на приказната…

Денешниот јубилеј ќе го одбележам со една топла приказна за моите сакани и еден актуелен, многу модерен, здрав начин на сервирање и јадење овошје.

 

Оризови кори – тантели со овошје

Продолжи со читање “Добре дојдовте, драги мои”

Палачинки А ла Водно

ДВЕ ВЕРЗИИ

Почитувани посетители, драги мои, продолжуваме со рецептите.
Некои од нив се веќе објавени минатата или оваа година, па само ќе се потсетиме на нив.
Секако дека ќе има и сосема нови, досега необјавени рецепти.
Но овие кои веќе негде биле објавени, многумина немале можност да ги видат или ги подзаборавиле, па ете коначно си доаѓаат “дома”, редно беше.
Си доаѓаат каде што им е местото, на блогот.

Минатата година, некаде во јули месец, бев прочитала едно убаво сеќавање за врелите летни вечери во Скопје, излегувањето по бавчите и по терасите на рестораните, поточно сеќавање за скопските палачинки…
Убави времиња…
Се сеќавам и јас, лесно е да се вратат убавите спомени…
Родителите нé носеа најчесто на палачинки во Гранд хотел или Панорама, а во парк на ќебапчиња, како помали…
Продолжи со читање “Палачинки А ла Водно”