Едни од најпопуларните ќофтенца после месните, сите ги сакаме. Ги правам во неколку варијанти, но во основа е истото. Здрави, уште поздрави ако се печени, ви го препорачувам овој рецепт, од срце.
Категорија: Strumichka kujna
Сос од домати со модар патлиџан
Овој сос или летна манџичка е одличен со ќофтиња, тиквици, модар патлиџан или некое свинско мевце како ребра, на пример…
Имаме многу летни ручеци, кои не се случајно на нашата трпеза…Нашите претци биле многу умни, точно знаеле што му треба на нашиот организам. На пример, доматите се попотребни како сварени, затоа сосот и летните манџи се најприсутни сега, ами како, знаеле нашите, м?
Ќофтенца
Досега не сум објавила ќофтенца на блогот посебно, а ги правам на многу начини и сите ми се убави…
И при “најлошо” месо, секогаш се убави, однадвор крцкави, внатре мозок…
Баница со јаболка
Уште првата година на страницата објавив рецепт баница со јаболка, а сега овој е, ако биде, да биде работава. Слично е, но сепак поинаку од класичната баница.
Телешка чорба
Не знам зошто, ама некои зимски јадења ги сакам и во лето, како врели чорби, а некои ги јадеме ладни…Знаеме дека оваа чорба е поубава во меана, само не знам дали уште е така…
Имено, колку и да ја правиме вкусна дома, никогаш нема да биде како утринската чорба, прекрасен појадок во Струмица за многу генерации! До казанот ли е, односно до големата количина или имаат свои тајни, не знам, но иако мојата чорба е врвен деликатес, сепак, не е како нивната (ова јас да го признаам, значи голема вистина е, знаете дека поубава ми е храната дома, ељам мојата 🙂
Слатко од капинки
Еве ме мене пак со слатко, ви реков дека минатата недела бев вредна многу, правев одеднаш повеќе работи, џем, слатко, сок…
И еве го слаткото од капинки, омиленото слатко 🙂
Џем од кајсии со семки
Минатата година објавив џем од кајсии на мојата ФБ страница Со љубов, за вас. Веднаш потоа, го направив и по овој рецепт, а некни, во неделата, направив повторно, овогодишен…
Сок од трендафили
Во неделата се нафатив на многу работи, џем од кајсии, слатко од капини и слатко од сушени трендафили. А решив да го финализирам и сокот од трендафили.
Слатко од сушени трендафили
Веќе реков дека мајка ми ми објасни како баба ми Зонка го правела слаткото од сушени трендафили. Нејсе, се потрудив, најдов повторно мајски, непрскани трендафили, мирисни до другата улица 🙂
Тиквички со ориз
Ете за овие фотографии зборував, и оние од претходниот рецепт, но нема да ми замерите, премногу фотографии се во прашање, премногу рецепти, и кога имам вака варијанти, најтешко е…
Веќе знаете, секој рецепт може да го направите и посен, а јас посните повеќе ги сакам (но овде има и јајце во сосот, не заборавајте!) 🙂