Чизкејк со овошје

Чизкејк со овошје
Чизкејк со овошје
646views

Топло беше сеуште кога ја правев оваа торта, па за годишнината на блогот правев и друга, но во основа не се разликуваат многу. Да не бидам во тренд, не бива, иако овие торти не се по мој вкус баш. Никако не се навикнав на крем шантили и овошје, никако.
Убава е, вкусна, освежителна, но не е моја торта, како велиме 🙁

Се трудам да им доловам на овие торти некој поинаков вкус, но не можам да измислам топла вода 🙂 Затоа пак бисквитната база ја ставам уште еднаш. И со шлаг крем одозгора, далеку подобар вкус е, но тоа е само мој вкус, не мора да е така, вие правете по ваш 🙂

 

 

Состојки

  • 300 гр бисквити
  • малку сок
  • 2 лажици какао
  • 350 гр овошје мешано, праски, сливи, диња, кајсии, аронија…
  • крем сирење 300 гр
  • крем шантили 250 гр или хопла, а може и повеќе
  • 2 листа желатин
  • шлаг крем

Постапка

  1. Бисквитите се мелат, се додава какао и неколку лажици сок од портокал или каков имате. Обично се додава путер, но путерот е толку доминантен во бисквитите, стварно ми е прејак тој вкус во оваа непечена тортичка, па затоа со сок ги размешувам.
  2. Бисквитите се делат на два дела, првиот поголем и се нанесува на калап за торта, ставив хартија на дното.
  3. Се сецка овошјето, аронијата се попарува.
  4. Се мати кремот шантили, се меша со крем сирење и шеќер по вкус, јас не ставив воопшто, но треба малку.
  5. Се раствара желатинот према упатството и се вмешува во кремот, па се додаваат парчињата  овошје, се размешува.
  6. Половината од кремот се става врз бисквитите, малку се стврднува во замрзнувач, околу половвина час, па се додаваат бисквитите и врз нив остатокот од кремот.
    Во вториот дел од бисквитите додадов уште какао.
  7. Се смрзнува, може да стои цела ноќ или барем 5 саати.
  8. Потоа се вади од обрачот и се украсува со шлаг крем.

Сечењето е важно, не треба да е скроз одмрзнато. Можете шеќер по желба да додадете, шлаг крем не мора, може со шантили да украсите и било кое овошје.
Е сега заради бисквитите во горниот ред, потешко се сече, но повкусно е така.
Пријатно!

Чизкејк со овошје

Чизкејк со овошје

 

 

 

 

 

 

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар