Велигденски милиброд и чурек на конци

Во моето детство, милибродот беше задолжителен за Велигден, а гледам и сега е, и мило ми е…
Тоа е наша традиција, толку богата…Рецепти има многу, во некои краеви се вели козинак, а кај нас милиброд и чурек…

Мајка ми секогаш милибродот го правеше и сеуште си прави, со мармалад, па еден ролат со мармалад од сливи, еден со мармалад од смокви, трет само со ореви, локум, убавина…
Најмногу ги сакам со ореви и локум.

Кај нас е традиција милибродот и чурекот да се јаде со јајце, ете тој благо-солен вкус, преубаво.

Сега ланскиот милиброд и чурек, па ќе следуваат и други…

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец со шеќерче
  • 300 мл млеко
  • 300 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 100 мл зејтин
  • 1-2 јајца
  • 100 гр маргарин или путер
  • 2 ванили
  • кора од лимон
    За одозгора
  • 1-2 жолчки со малку млеко

Постапка

  1. Квасецот стасува со шеќерче и брашно малку во млака вода.
  2. Се просејува брашното во сад за месење.
  3. Се додаваат состојките, освен маргаринот и се меси меко тесто.
  4. Маргаринот се топи и оладува, па се додава на крај од месењето.
  5. Се остава да стаса околу 1,5 час, покриено.
  6. Стасаното тесто се дели по желба, јас направив милиброд плетенка и 2 помали чуреци.
  7. Секој дел се дели на 3 дела, се формираат долги парчиња и се плетат плетенки за секој дел.
  8. Во плетенките може да додадете по желба ореви, суво грозје, локум, суво овошје…
  9. На средина на чуреците може да ставите топче од фолија, за да остане место за јајцето.
  10. Се ставаат во намастени калапи и повторно стасуваат околу 30 минути.
  11. Се премачкуваат со помешани жолчка и млеко.
  12. Се печат на 180 степени околу 35-40 минути.

Меки како памук, со конци, се побудалевме за конците веќе 🙂
Милибродот испробан од многумина, сите презадоволни 🙂
Пријатно!

Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци
Велигденски милиброд и чурек на конци

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар