Колач со кајсии

И аронија и бадеми, не само кајсии 🙂
Периодов ми се уарнија овие прекрасни старински колачиња со сезонско овошје, ммм, нема поубав вкус и арома, нема!


Се прават брзински, а цела домичка мириса на ванила и лимон, убавина!
Е сега додаваме понешто модерно, можеби, но главниот вкус си останува…

 

Состојки

За одозгора

  • 200 гр кајсии
  • 1 -2 шаки бадеми
  • 1-2 шаки аронија (не мора)
  • шеќер во прав

Тесто

  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 12 лажици зејтин
  • 15 лажици млеко
  • 15 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 кора од лимон
  • малку махлеп (не мора)

Постапка

  1. Со матало се матат јајцата, шеќерот и ванилата, значи малку од малку, не како пандишпан со миксер.
  2. Се додаваат состојките, се мешаат, битно е на раката од маталото да се осети тестото.
  3. Се става во намрсен и побрашнет плех, а одозгора се реди овошјето, се притиснува само малку, нежно со лажица. И бадемите и кајсиите исецкани претходно.
  4. Се пече на 220 степени додека не се одлепат страните.
  5. Кога ќе се подизлади, се посипува со шеќер во прав.

Генерација сум на миксери и роботи, со матало ретко работам во кујна… Тоа е мајсторија на мајка ми, но одамна ме научи да го препознаам тестото. Треба да се влече како конци кога ќе се подигне и тогаш е добро, ама треба да се проба 🙂

Најдобро е за прв пат да се следат дозите, но никогаш не се знае, имено може да се случи да треба да додадете течност или густина…Тогаш додавам малку млеко или брашно, и проблемот е решен 🙂

Ви советувам да верувате дека е многу лесно да се направи и дека ќе го направите, ништо помалку!

А резултатот ќе ве воодушеви!

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар