Кајганата на милион начини, а со колбаси посебно омилена.
Состојки
- јајца
- колбаси
- млад кромид
- пиперка
- тиквица
- сол
Постапка
- Испржете ги колбасите.
- Изматете ги јајцата, додадете сецкани кромид, пиперка, тиквица, зачини по желба…
- Ставете ги јајцата во силиконски или поинакви (намастени) калапи, на средина ставете колбаси и испечете ги.
Комбинирајте со салата. Можете едноставно да помешате сé и да направите голема кајгана 🙂
Mене ми беше мерак да ги направам вака, ем за презентација, ем за мезе.
Добар апетит!