Летен ориз

Веќе имам објавено задушен ориз, се подготвува на рингла, значи не е класична тава ориз. Рецептот може да го видите овде.

А сега ориз со тиквички, на мој начин 🙂 Превкусно летно јадење!

 

Состојки

  • 250 гр ориз
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка
  • 2 лажици магданос
  • по потреба зејтин
  • 1 доза ориз, 3 вода
  • по потреба сол
  • по потреба бел бибер
  • 1 лажиче сушен зеленчук
  • 1 кора од лимон

 

Постапка

  1. Најпрво подгответе ги морковот, пиперката и тиквичката на мали коцкички, пропржете ги на масло, прво морковот и пиперката.
  2. Додадете го оризот, убаво измиен, кратко пропржете.
  3. Потоа додадете ги тиквичките.
  4. По краткото пржење, додадете ги сувите зачини.
  5. Сега додадете врела вода, 3 према еден, за овој вид ориз, сличен на кочанскиот. Треба да врие на средна температура, 12 минути.
  6. Во последните минути, додајте го магданосот и убаво измиена кора од лимон, на коцки или рендана, додека оризот сеуште има вода.
  7. Силно протресете ја тавата, немојте да мешате.
  8. По 12 минути, тргнете ја на страна и покријте ја со капак тавата, односно тенџерето во кое сте готвеле. Чекајте најмалку 20 минути до половина час, оризот да си ја земе водата.

За ова жешко време, одличен освежителен ручек, а може да биде и како салата или прилог, како сакате.
Уживајте!

  

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар