Пржена пастрмка со сос и шпецли

 

Нешто од рибите ставив во тавата Риба во сос, нешто испржи Мишел и ете уште еден рецепт.

Инаку шпецлите се типичен швајцарски специјалитет кои сите ги обожуваат. Тие најчесто ги комбинираат со гулаш, зајак, дивеч…

Се прават од брашно, млеко и вода, јајца, сол. Ако сакате да подготвите домашни, еве еден рецепт, кликнете овде.
Но Швајцарците денес ретко влегуваат во кујна, тие и сецкана салата ќе си купат ако можат, практични се ептен.
Порано швајцарската жена не работела, била дома и многу се готвело заради тоа што имале работници на фармите. Швајцарија била воглавно фармерска земја, нивните кујни во старинските фармерски куќи се снабдени со долги дрвени маси, каде ручале и работниците…
Рецептите кои датираат од стари времиња се многу интересни, поточно многу слични на нашите, казански, со таа разлика што тие црвениот пипер не го користат толку многу.
Денес е поинаку, брза храна, брзо приготвување и полуготови производи кои треба само да се довршат, мали семејства, самци…
Фондју-Fondue и раклет-Raclette, папе вудоа-Papet vaudois, ројшти-Rösti, преубави колбаси и тоа е воглавно, но многу, многу вкусно!

 

Состојки

  1. пастрмки
  2. шпецли
  3. сос од кромид и домати
  4. рузмарин
  5. маслинов зејтин

Постапка

  1. Најпрво подгответе го сосот, рецептот може да го видите овде.
  2. Потоа подгответе ги шпецлите, се пржат 5 минути.
  3. И сега рибата, се пржи-пече на премачкан тефлон. Внимателно се превртува и се внимава да остане сочна, а сепак да има убава боја.

Се сервираат заедно, преубава комбинација 🙂

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар