Тиквици со кашкавал

Тиквици со кашкавал, tikvici
Тиквици со кашкавал, tikvici

Едноставни, брзи и секогаш на трпезата, во разни комбинации…

Состојки

  • тиквички
  • пиперки
  • лук
  • сол, црн бибер, буковец, триена сол, по желба, магданос
  • кашкавал
  • мајонез сос
  • маслиново масло

Постапка

  1. Тиквиците се сечат по должина, се длабат и се редат на хартија или во тавче.
  2. Внатрешноста се сецка, се сецка и пиперката, се пржат кратко, се додава лукче и зачините.
  3. Потоа тиквиците се посолуваат, се полнат и се печат.
  4. При крај на печењето, одозгора се додава рендан кашкавал, малку мајонез помешан со кисело млеко и се допекува.

Летно превкусно јадење, може да биде и посно.
Пријатно!

 

Тиквици со кашкавал

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар