Лепче со палента

Леб од палента, француски…

Рецептот го изменив малку, си го прилагодив, а и ликот му го сменив, личен да ми биде 🙂
Мене ми изгледа како солен колач сега, толку е декоративен 🙂Ја користам палентата многу, зашто е поздраво брашно, а мене ми е и многу вкусно.
Имам многу рецепти необјавено, ќе им дојде редот…

Е сега во споредба со нашиот просеник-проја, ќе речам дека секој рецепт си има своја убавина, свој Вкус, би рекла…

 

Состојки

  • 200 гр палента
  • 80 гр брашно
  • 25 гр нишесте
  • 40 гр путер
  • 70 гр биено сирење
  • 250 гр кисело млеко
  • 2 големи јајца
  • 1 прашок за пециво
  • шеќер (50 гр, но јас ставив 25 гр)
  • сол
  • пиперки од туршија, чорбаџиски и гамби со сирење
  • магданос
  • црн ким (чурекот)

Постапка

  1. Рерната се загрева на 190 степени.
  2. Палентата се меша со другите суви состојки.
  3. Путерот се омекнува.
  4. Јајцата се мешаат со путерот и киселото млеко во хомогена смеса и се додаваат во палентата.
  5. Се додава рендано или на коцки биено сиренце, магданосот, пиперките, се меша.
    Од пиперките, магданосот и биеното сирње, се остава малку за посипување…
  6. Се става во намастен длабок калап, одозгора се посипува со пиперчиња, магданос, биено сирење, црн ким, и се пече околу половина час до 40 мин.
    Мора да проверите со голема игла за плетење (јас си имам специјално игла за проверки) дали е готово, зашто и во средина треба убаво да се испече. Ако е сува иглата и ако е доволно стврднато во средина, значи отово е.
    Ако печете во не толку длабок калап, побрзо ќе се испече. Вака, мора да сте сигурни дека е испечено внатре.

Сервирајте со кајмак ( оти го имам сега, де)…
Не мора, може кисело млеко или некое крем сирење, триена сол, ммм, немам зборови.

Лепчето пред да го користите, ако остане :), може да се стави во загреана рерна, кратко, зашто велат, топло се јаде…
Пријатно!

 

 

 

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

3 thoughts on “Лепче со палента

Напишете коментар