Моите гурмански плескавици

Еве и мој рецепт за плескавици. Без кајмак не произнавам плескавици, тоа ми е основно, по урнек на северниот сосед, а нема поубави! Некогаш ставам внатре, некогаш одозгора, како и да е, кајмакот го надополнува вкусот онака како треба да биде, совршенн!

Имам веќе објавено на страницата, но на скара, а овие се на грил тавче.
Ептен, ептен гурмански, ви ги препорачувам!

Мишел не можеше да се изначуди на вкусот на месото, зашто не виде кога ги подготвував, и не знае што ставив, ама вели никогаш волку вкусни нема пробано! Е па браво за мајсторот 🙂

Фала, фала на аплаузот, мерси 🙂

 

Состојки

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 голема главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2-3  феферончиња
  • 2 лажици презла
  • сол, сушен зачин, црн пипер
  • црвен пипер, буковец, кебап
  • маслиново за премачкување на тавчето
  • лепињи
  • кајмак

Постапка

  1. Кромидот и феферончињата се сецкаат ситно, а лукот и со преса може. Имав чорбаџиски, од нив ставив, среќа не беа лути, не смеам. Вие обавезно ставете лути феферончиња.
  2. Се додаваат во месото, се ставаат зачините, презлата…
  3. Се меси, да, баш се меси убаво, се покрива и се остава до 1 час во фрижидер.
  4. Потоа се прават топки, се ставаат една по една на транспарентна фолија, се покрива и се притиска со нешто адекватно да стане плескавица од 1 см.
  5. Грил тавче се премачкува со маслиново и се печат.
  6. Готовата плескавица се става во лепиња со кајмак или на чинија, а одозгора парчиња кајмак.

Гозба голема, вкусот незаборавен, ако немаш карар, тешко тебе 🙂
Сепак ние сме си одмерени чувеци 🙂

Зачините со феферонките ги прават извонредно вкусни, пробајте!
Е сега овде меленото месо бајаги се собира, беа поголеми, а при пржењето се преполовија…
Битно е што беа многу ровки внатре, а не забастени како велиме, преубави беа!

Одлично одат со млад кромид, ајвар, печени подлучени пиперки и печени суви пиперки.
Вака комбинирани се перфектни зашто остануваат со онаа неутрална храна што си ја нарекуваме, комбинација која не е тешка за варење на храната и не дебелее 🙂

Мора да кажам, имам голем проблем да јадам плескавици било каде, никако не ми се допаѓа вкусот. Та дури и на познатото Предејане! Живи плескавици, живи лепињи, не е она што беше едно време…
Не, благодарам, пред некоја година бевме и никогаш повеќе!
А и готови замесени, не благодарам!
И така домче ќе си направиш, ем по свој вкус и ем сите задоволни и среќни!

Ах да, и кајмакот, љубовта моја…И млад и стар кајмак, волшебни вкусови, волшебни…
Е не можам да се навикнам на кремата овде, сигурно е квалитетна, но мирисот не го поднесувам, ни деми не ме спасува…
А тек онаа кремата шантили за торти, еми Швајцарија е ова, не е шала, еми ајде де!
Што да речам, туѓи вкусови, а се трудев, се трудев, не бивааа…
Не сакам да зазузвучам неблагодарно, но едноставно е, вкусови различни и за нив не се дискутира!

 

П.С. Многумина ми пишуваат за објаснување како се формираат плескавиците со фолија, еве имам само една фотографија…Потоа се притиска со тањирче до 1 см висина и се формира плескавицата. Секако краевите треба да ги подизрамните ако се отворени. Јас ја спуштам ивицата, како би се испекле убаво од страните…

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар