Риба со компир и спанаќ

 

 

Знаете дека е потребно да се јаде често риба, еднаш до два пати неделно, велат сручните лица.   Колку тоа го практикуваме, зависи од многу причини, но секако советот е добар.

Состојки

  • по потреба, филе риби, ова беше бакалар
  • неколку компири
  • свеж спанаќ
  • сол, црн бибер,црвен пипер
  • маслиново масло
  • лимон

Постапка

  1. Се варат неколку компири во солена вода.
  2. Потоа се длабат со некоја алатка, јас користев алатка за вадење на средината од јаболката.
  3. Врз секое филе се реди свеж спанаќ, па компир, зачини и се витка како ролатче, се прикачува со чачкалица.
  4. Се стават во тавче со хартија и се печат колку рибата да е готова, околу 20 минути. Треба да се внимава рибата да не се исуши.

Е па воила, од убаво, поубаво, и на вкус и на изглед, корисно за здравје!

Лимон, зачини по желба, чинија полна здравје!

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар