Пржени суви пиперки со траано-тарана

 

Реков дека сувите пиперки ми станаа главна состојка, главна храна, секогаш во комбинација… Едноставно ги обожувам.

Јас сум Македонка, верувам и во едни поинакви креации на храната, верувам во трансформацијата на храната, за да не се фрла, за да се искористи максимално, а да се создаде превкусно јадење!
Трансгенерациска порака 🙂

Често моите оброци се токму такви!

Кога ќе остане од оброкот, предизвик ми е да направам комплетно ново јадење.

Токму така настана и оваа јадење, инспирирано од традицијата.
Рецептот за тараната може да го видите овде, доколку ве интересира.

Состојки

  • подготвена тарана
  • суви пиперки за полнење
  • брашно
  • маслиново масло

Подготовка

  1. Ако ви остане тарана од преубавата манџа од линкот, искористете ја, ако немате, направете нова.
  2. Едноставно, испржете кромид, лук и пиперка ситно сецкани, додадете тарана и вода, зачинете по вкус и варете додека тараната биде готова. Не треба да има многу вода, додавајте по малку.
  3. Подварете суви пиперки, потоа наполнете ги со тараната, завалкајте ги во брашно и ж,шнете ги на зејтин.

Знам дека нé има многу кои секој ден би го јаделе ова. Немам зборови, вкусно, декоративно, ароматично!

Сервирајте го топло со некоја зелена салата, но и самото тоа може да биде како салата!

Пријатно!

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар