Тавче грав со спанаќ

Тавче грав со спанаќ
Тавче грав со спанаќ

Спанаќот го имаме овде преку цела година, речиси, но ми се случило да нема неколку денови, баш кога најмногу ми треба 🙂
И ова јадење не сум го правела порано, но ете затоа го имаме интернетот.
Дали така сите го прават, не знам, но најчесто знам да го направам кога ќе ми остане грав. Тогаш е ептен брзо, се загрева тавчето со грав во рерна, но треба да е малку воденесто. Кога ќе почне да врие, се додава спанаќот, исецкан, и се допекува.
А како да сварите грав прво, можете да погледнете овде.

 

Состојки

  • варено гравче
  • спанаќ по желба
  • две-три чешниња пресиран лук

Постапка

  1. Откако имате сварен грав со сите зачини, префрлете зрна во земјан сад или некој друг.
  2. Потоа додадете лук и исецкан спанаќ.
  3. Врз сето тоа, додадете од течноста на гравот.
  4. Можете да запржите црвен пипер и да ја полиете тавата, но тоа е ваш избор, не мора, и без тоа е убаво.
  5. Се пече на тивко, водата да испари и спанаќот да биде готов.

Вака подготвено тавче е исто преубаво, но малку поинаков вкус за мене, затоа не ставам многу спанаќ, онака, колку да има и тогаш е прав деликатес. Вие можете да си ставите повеќе.
Пријатно!

Тавче грав со спанаќ

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар