Кај нас сирењето воглавно се пржи, мајка ми не може да го јаде непржено, а иста беше и Ива, тешко го поднесуваше мирисот на свежо сирење. Баба ми Донка, по татко ми, исто, никако непржено.
И така за појадок или вечера, прженото сирење, прво на листата, цел живот 🙂
Но како врват годините, почнавме да го подготвуваме и како најубавиот бугарски рецепт од рестораните, сирне под капак, во рерна 🙂
Поздраво е секако, па си развив многу варијанти.
Дозите се за едно тавче, за една особа.
Состојки
- црвена пиперка
- пржаљка/каврџик пиперка
- лукче
- магданос
- неколку тенки парчиња сирење
- изрендан кашкавал
- јајце
- сол, триена сол, црн пипер, буковец…
Постапка
- Пиперките се сецкаат и се редат на дното на мали тавчиња, за секој по едно тавче, се мешаат со лукче, магданос и зачини.
- Одозгора се редат тенки парчиња сирење, па пак малку пиперки. Се пече колку да се истопи сирењето.
- Се вадат тавчињата, се ренда кашкавал одозгора и се става јајце на средина.
- Се допекува по желба, а се посипува со зачини на крај.
Ова може да биде и главен оброк, со салата од домати, превкусно е.
Да се внимава на солта, ако сирењето е посолено, поубаво е да се одсоли малку.
Пријатно!