Свински кременадли со мајонез сос

 

Ако биде да биде, масно, не масно, убаво си е!

Ручекот од овој тип секогаш го нарекувам машки, зашто мажите не поминуваат баш многу време во кујна, а пржењето месо е ептен брзо… Иако има исклучоци, генерално е така. Е сега генерализациите не се добри, знам, но ајде нека биде мое мислење само…

Со каков мерак маж ми ги подготви, и тој како мене кога готви, не мрда од шпоретот или скарата…

Јас го смучкав сосот набрзина, па салатата и готов е ручекот! Или вечерата!

Состојки

  • свински кременадли
  • сол, црн бибер, рузмарин
  • маслиново масло

За сос

  • мајонез
  • кисело млеко
  • сенф
  • рузмарин

Постапка

  1. Свинско месо не се соли пред пржење, тоа знаете. Измијте ги кременадлите, премачкајте ги со рузмарин и испржете ги на грил тава. Солта го стегнува месото, затоа се става откако ќе биде готово.
  2. Потоа посолете и побиберете.
  3. Додека се пржат кременадлите, во еден сад ставете мајонез, кисело млеко и сенф, мали количини, но сепак прилагодено на семејството. Потоа додадете што треба по вкус. Јас прво ставам мајонез, малку сенф и неколку полни лажици кисело млеко.
  4. Изматете со вилушка за да се соединат состојките.
  5. На крај додадете сув рузмарен и свежи ливчиња.

Сервирајте со мешана салата.

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар