Вкусни фурнаринки

Вкусни фурнаринки
Вкусни фурнаринки

Често се на нашата трпеза во најразлични варијанти. Одлично одат со павлака, кисело млеко, летна манџа, со таратор, со било какво мезе, и летно време и зимно. Грицкави, мирисни, превкусни.
Фотографиите ми се од Велигденската трпеза…

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 200 мл вода
  • 1 сув квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажица зејтин
  • малку сол

Фил

  • 2 лажици крем сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол, може крупна сол, ким, црн ким, рузмарин, оригано, босилок, буковец, нане… по желба

Постапка

  1. Квасецот треба да стаса со шеќерче во малку млака вода.
  2. Се додава брашно, сол, зејтин, млака вода и стасаниот квасец.
  3. Се меси тестото и се остава да нарасне.
  4. Тестото се дели на 2 дела, првиот се расукува.
  5. Намачкајте го со крем сирење, но многу тенко и додадете  зачини по желба.
  6. Расукајте ја втората кора и ставете ја врз првата.
  7. Премачкајте со маслиново масло, а премачкајте ја и грил тавата.
  8. Расечете ленти, посолете ги и пржете ги до убава боја.

Овие дупли фурнаринки може да се прават од било какво пица тесто, а може внатре да се стави доматен сос или нешто друго, но што помалку за да не се разлее.
Пријатно!

Вкусни фурнаринки

 

Вкусни фурнаринки

 

 

 

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар