Печен компир и праз

Уште сме кај компирот… Еве една преубава комбинација со праз 🙂

Состојки

  • неколку компири
  • неколку страка праз
  • црвена пиперка
  • сува пиперка
  • маслиново масло
  • сол, црн пипер, буковец, црвен пипер

Постапка

  1. Испржете праз и пиперки, ситно исечени.
  2. Ставете ги во намастено тавче.
  3. Одозгора наредете компири на кришки.
  4. Додадете малку вода, зачини и покријте да се пече задушено, а при крај откријте ја тавата да се зацрват компирите.

Комбинацијата е многу вкусна и здрава, старинско јадење, само поукрасенко малку.
На здравје!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар