Полнети пиперки со грав и спанаќ

Една вкусна варијанта на грав, може од конзерва, но може и домашно подготвен, како сакате.

Велам секогаш имаме периоди кога многу брзаме, а ни треба баш овој ручек 🙂
Затоа, припомогнете си, користете што може, во служба на брзиот ритам на времето.

Состојки

  • сварен грав
  • 1 главица кромид
  • пиперка
  • спанаќ по потреба
  • пиперки бабури по потреба
  • црн бибер, буковец
  • зејтин

Постапка

  1. Испржете кромид и пиперка ситно исечени, додадете варен грав и свеж спанаќ.
    И овде користев грав од конзерва, но вие можете да користете тазе сварен грав, грав кој ви останал, бел или со црвен пипер, како сакате. Додавам пиперка заради подобар вкус, кај нас бабурите ( не се бабури, но не знам како се викаат, а имаат изглед сличен на бабура) се како пластични, а се наоѓа да се купи капија која има убав вкус.
  2. Додадете зачини и наполнете ги бабурите, ако имате прави бабури, најубаво е.
  3. Наредете ги во намастено тавче и ставете малку вода во тавата. Нека се печат колку пиперките да се готови.

Се сервира со салати по желба.

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар