Грав од конзерва

 

Сеуште го немам објавено рецептот за мојот грав, но ете му дојде редот на овој, зашто деновиве готвењето ми е многу брзинско, па и пишувањето рецепти.

Во Македонија никогаш, никогаш не сум користела грав од конзерва, но кога дојдов овде, набргу пробав, сеуште незнаејќи кое каде можам да го купам.
Швајцарците не јадат грав, бара долго подготвување, а тоа тие не го сакаат. Сепак може да се случи да го користат во некоја салата и затоа конзервите се добредојдени. Можеби во други кантони е поинау, но во мојот кантон е така.

Има две врсти на конзерви со бел грав овде, во сос од домати и обичен бел. Го купуваме оној во сос од домати, ми врши многу работа, а еве како да му го подобрите вкусот.

Го препорачувам за брзински ручек, секако предност давам на домашно подготвениот, но има и такви моменти, нели? А со пиперки и лук, добива преубав вкус.

 

Состојки

  • грав од конзерва
  • 4 пиперки, црвени и зелени
  • 3 чешниња лук
  • магданос
  • зејтин

Постапка

  1. Испржете неколку пиперки на крукчиња, па додадете лук на тенки ленти.
  2. Кога ќе се испржат, додадете го гравот од конзерва, нека зоврие, 5-10 минути нека  динстаат заедно. Јас додавам малку вода, но сепак да се внимава на густината.
  3. На крај додадете магданос или мирудија, сушено нане.

Ако гравот е бел, додадете црвен пипер и буковец во пржените пиперки, по желба.

Сервирајте со салата по ваш вкус.

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар