Лиснати погачици со младо кромитче

младо кромитче
младо кромитче

 

Благодарение на видеата, денес може лесно да се направат сите рецепти. За жал, не можеме сите да имаме видеа од готвењето, снимањето бара уште поголем ангажман, повеќе лица или барем уште една особа плус. Затоа пак со цело срце ќе ви пренесам ако видам нешто интересно и го пробам!

Сигурно сте ги виделе овие форми што деновиве ви ги претставувам. Мене ми се преубави за празници, зашто брзо се прават, разноврсни се, превкусни и многу декоративни!

 

Состојки

  • лиснато тесто
  • крем сирење
  • младо кромитче, перки
  • по желба сол

Постапка

  1. Се подготвува филот, се сечат перките, се додаваат во крем сирење по желба, се додава сол ако не е доволно солено.
  2. Лиснатото се сече на квадрати. Бидејќи не ми е баш високо лиснатото како би сакала, ставав по две квадратчиња.
  3. Се превиткува како триагоник. Се сече триаголниче како на сликата.
  4. Се враќа квадратчето како што си беше(се отвара).
  5. Сечените агли се префрлуваат еден преку друг (значи два агли се слободни и се префрлаат во спротивен правец). Се притиска средината да не се надигне, за да има место за фил.
  6. Се печат до сакана боја (ќе клечите пред рерна, само јас ли да клечам 🙂 .
  7. Кога ќе се подизладат, се филуваат во средина, можете со шприц за готвење да го нанесете филот.

Правев и благи и солени, преубави се!
Пријатно!

младо кромитчемладо кромитчемладо кромитчемладо кромитчемладо кромитчемладо кромитче

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар