Пржен праз со сирење

 

Овој ручек ми е еден од омилените во сабота, брзински, а многу вкусен и многу здрав.
Уште малку празот ќе ни биде главен, иако го имаме преку цела година и секогаш има место на трпезата. Но ќе го заменат многу други пролетни јадења, а тој секогаш ќе не поврзува со поладните денови.

Тешко ми е да ви давам прецизни дози, готвам за двајца, но и тоа не е адекватната мерка, зашто често ми е подготвено за презентација на блогот.

Мерките за вакви јадења мора сами да си ги пронајдете и прилагодите спрема семејството, првиот пат можеби ќе биде малку или многу, но следниот пат ќе знаете 🙂

Продолжи со читање “Пржен праз со сирење”

Умрело дете за баничка

Сабота пред Прочка е ден кој се нарекува Умрело дете за баничка. Тоа е стара традиција во Струмица кога се месат, сукат и виткаат баници во спомен на приказната за детенцето кое умрело за баничка со сирне, како велиме во Струмица…
Приказната зборува за тоа дека некогаш на тој ден некое сиромашно детенце барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. Тажна приказна од минатото, но можеби не е само во минатото…
Зад оваа приказна стои крајот на сиропусната недела кога постот станува построг.  Млекото и млечните производи се јадат последно во оваа недела, а православната традиција налага не само да се изеде туку и да се поделат млечните производи со другите.
И за оние кои постат и за оние кои не постат, пораката од приказната е јасна.
Можеме ли да станеме подобри луѓе и конечно да се нарекуваме цивилизирани?
Тоа ќе го поверувам кога ќе нема гладни деца на Планетата!

Мојата најголема желба секогаш ќе биде да нема гладни и жедни деца!

Продолжи со читање “Умрело дете за баничка”