Пржен праз со сирење

Пржен праз со сирење
Пржен праз со сирење

 

Овој ручек ми е еден од омилените во сабота, брзински, а многу вкусен и многу здрав.
Уште малку празот ќе ни биде главен, иако го имаме преку цела година и секогаш има место на трпезата. Но ќе го заменат многу други пролетни јадења, а тој секогаш ќе не поврзува со поладните денови.

Тешко ми е да ви давам прецизни дози, готвам за двајца, но и тоа не е адекватната мерка, зашто често ми е подготвено за презентација на блогот.

Мерките за вакви јадења мора сами да си ги пронајдете и прилагодите спрема семејството, првиот пат можеби ќе биде малку или многу, но следниот пат ќе знаете 🙂

Состојки

  • неколку страка праз
  • црвенa пиперкa
  • зеленa пиперкa
  • сирење
  • црн бибер, буковец
  • маслиново масло

Постапка

  1. Подгответе го празот и пиперките, измијте ги и исецкајте, па ставете ги да се пржат на среден оган.
  2. Кога се испржени, ставете парчиња сирење, а може и различни, директно во тавата врз празот.
  3. Сирењето ќе почне да се топи, свртете го еднаш, нека се топи уште малку и кога ќе се направи коричка одоздола, при крај е, па можете да ги додадете зачините.

Сирењето не треба да е многу солено како би било подобро за јадење.

Сервирајте го топло додека сирењето е сеуште омекнато.

Пријатно со ова старинско јадење, вкусно, превкусно!

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар