Јајца со туршија

Гурмани, повелете, мало, а преслатко задоволство!
Ако сеуште имате туршија, еве еден преубав рецепт, ако не, чувајте си го за догодина, сериозна сум, нема да зажалите 🙂

Продолжи со читање “Јајца со туршија”

Боден дедо

Боден дедо го бев крстила овој убавец, како старинскиот струмички рецепт…
Толку е убав што ви доаѓа да го изедете цел. Го правев по некое сеќавање како изгледаше кога мојата баба Донка и баба ми Вена правеа…

Продолжи со читање “Боден дедо”

Погача цвет

Погачата сите ја знаете, популарна е, а и јас ја имам објавено како Ивина зашто додавав и други работи…
Но никако да ја објавам оригиналната, едноставна, а преубава погача. Ја правам и со сирење, кој пробал, знае што е памук тесто 🙂

Продолжи со читање “Погача цвет”

Џем од кајсии со фстаци

Џемот од кајсии ни е еден од најомилените. Овој рецепт го објавив минатата година на Coolinarika и на мојата страница Со љубов, за вас.
Рецептот е едноставен, а џемот фантастичен. Другиот рецепт може да го видите овде.

Инспирирана од џемот без шеќер или со многу малку, во план сум да направам 🙂

Продолжи со читање “Џем од кајсии со фстаци”

Кајгана со џем од кајсии, совршена комбинација

Комбинациите на храна од здравствени причини се многу важни, следете ги, но има нели и комбинации на јадења кои некои луѓе си ги прават од мерак. Е една таква комбинација е токму оваа, едноставна, а моќна 🙂

Продолжи со читање “Кајгана со џем од кајсии, совршена комбинација”

Џем од кајсии со семки

Минатата година објавив џем од кајсии на мојата ФБ страница Со љубов, за вас. Веднаш потоа, го направив и по овој рецепт, а некни, во неделата,  направив повторно, овогодишен…

Продолжи со читање “Џем од кајсии со семки”

Појадок за здравје

Појадокот е многу важен, знаете сите… Диетален, или богат и разноврсен, секогаш да го имате! Енергијата треба да започне наутро!
Моите родители секогаш подготвуваат пребогат појадок, пржени јајца, пржено сирење, пржена урда, пинирлии, просеник, баници…
Еден период и јас го практикував таквиот појадок, но ете дојде време кога за пржење и печење некако се нема баш многу време наутро…

Продолжи со читање “Појадок за здравје”

Јајце на вода, поширано јајце, 3

 

Денес, во една убава група се потсетив дека не сум го објавила овој рецепт, си остана тогаш, па еве денес да ве потсетам и на другите, веќе објавени.
Јајца на вода, поширани, а и на традиционален начин, чалбури.

Продолжи со читање “Јајце на вода, поширано јајце, 3”

Пролетен просеник

Претпоставувм, рецепт за просеник имате сите, т.н. проја. Мојот рецепт е негде од 80 те години на минатиот век, кога почнавме да ја употребуваме палентата.
До тогаш рецептите за просеник беа со пченкарно брашно, може и без јајца, посни или не, беа поинакви, а сега се враќаат во мода од здравствени причини…

Продолжи со читање “Пролетен просеник”

Сладок појадок

 

Ова е повеќе идеја за појадок, за комбинации во овој период…

Малку доцнам, имаме технички проблеми на блогот, рецептите пополека, кога имам услови на блогот, ќе ги ставам. Продолжи со читање “Сладок појадок”