Кисела јагнешка чорба

Кисела јагнешка чорба
Кисела јагнешка чорба

 

Ајде уште оваа јагнешка чорба и после ќе правиме зеленчукови!
Јагнешките чорби секогаш ни се како целосен оброк, заситуваат многу.
И оваа чорба е забелена со јајце и лимон, не бива без нив 🙂


Ива кога беше мала многу ја сакаше оваа чорба, се сеќавам деновиве како сите другаркички доаѓаа и каснуваа со неа, а она уживаше да јаде со нив…
Спомени, спомени…
Старинските рецепти за чорбата не содржат павлака, ова е понов рецепт кога почнавме да ја користиме павлаката за сé 🙂 Но почнавме и да додаваме зеленчуци што повеќе, витамини без кои не се може. Затоа не го варам зеленчукот долго, туку пократко колку е можно за да не се уништат вредните состојки.

Состојки

  • јагнешко за чорба
  • џигерче
  • млад кромид
  • морков
  • целер
  • пашканат
  • ориз
  • јајце
  • лимон
  • магданос
  • сол, сушен зачин, црн бибер, дафинов лист…

Постапка

  1. Понекогаш купувам месо за чорба, поточно филе австралиско кое е преубаво, никогаш не мириса, но понекогаш користам и од зготвеното веќе, свареното. Значи ќе си користите какво имате. Месото со изнутриците се става да се вари во вода. Обично ставам џигерче, убаво отстоено во води и малку млеко, за да нема мирис.
  2. Kога е гoтово месото, се цепка, џигерот се сецка, се додава шака ориз, рендан морков, млад кромид ситно сецкан, пашканат и целер, зачините.
  3. Се вари за оризот да омекне.
  4. На крај се забелува со јајце и лимон, па се додава павлака и магданос.

Можете навистина како главен оброк да ја користите чорбата, зашто е многу калорична и заситува.

Мене сите варијанти ми се убави 🙂 А разликата помеѓу таа од јагнешка глава и оваа е што овде има повеќе зеленчук 🙂
Пријатно!

 

Кисела јагнешка чорба

 

 

 

 

 

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар