Печени печурки

Печени печурки
Печени печурки
565views

 

За овој рецепт потребни се големи шампињони како би можеле да се полнат. Убаво би дошле за празникот, покрај главното јадење.

Состојки

  • големи шампињони
  • сланина
  • пиперка
  • перца млад кромид
  • 1 jajce
  • урда
  • кашкавал
  • сол, црн бибер…

Постапка

  1. Излупете ги печурките (или измијте ги како јас) и издлабете ги.
  2. Ставете ги на хартија во тавче да се потпечат.
  3. Дршките исечете ги на ситно и пржете ги со сланина исто ситно сецкана.
  4. Додадете пиперка и перца кромид.
  5. Сега додадете урда, промешајте, па додадете изматено јајце.
  6. Извадете ги печурките од рерна, ставете ги во друго тавче за печење или тргнете ја хартијата. Наполнете ги со урдата.
  7. Остатокот од филот ставете го наоколу во тавчето.
  8. Врз секоја печурка ставете дебело парче кашкавал.
  9. Тавчето ставете го да се запече.

Мене кашкавалот ми се истопи, не беа дебели парчиња, па затоа направив повторно со подебели да ви покажам, таква ми беше идејата.

Домашната урда кога ќе се одмрзне е како крем, одлична за разни комбинации.

Ова е гарнир или предјадење, мезе, како сакате, но може и целосен оброк.

Пријатно!

You may also like

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар