Пинџур со модар патлиџан и пиперки

На некои рецепти, ептен им се радувам и многу ми е мило што ви се допаѓаат. Пинџурите спаѓаат во тие рецепти, убав наш пинџур на сто начини, сите поинаку го правиме, а сепак е истиот, надвременски.

Овој пинџур е истиот како оној со музиката, а сепак различен, и на око и на вкус. Сега патлиџаните доминираат, а пиперките се помалку.

Состојки

  • 3 модри патлиџани
  • 2-3 црвени пиперки
  • лук
  • ореви
  • сол
  • зејтин
  • магданос
  • по желба лути пиперки
  • по желба малку оцет

 

Постапка

Пинџурот кој има најубава музика 🙂 , може да го видите овде.

  1. Патлиџаните и пиперките се печат.
  2. Се ставаат во кеси да се задушат за полесно лушење.
  3. Патлиџаните треба да се добро испечени, се вртат со виљушка за да се развлечат, или се кинат, како и пиперките, па се мешаат.
  4. Оревите со лукот и солта, се толчат на покрупно и се додаваат.
  5. Се загрева зејтинот и пинџурот се попарува.
  6. Кога ќе се олади, може да се стави малку оцет и магданос.

Ништо послатко од пинџур и сиренце. Како и да го правиме, секако е убав 🙂
Овој пат, на покрупно се искинати патлиџаните и пиперките, може и така 🙂

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар