Свинско филе со зеленчук и кашкавал

Свинско филе со зеленчук и кашкавал
Свинско филе со зеленчук и кашкавал

Правам најразлични ролати од месо, за гости ми е најубав ручек, односно за празници, баш е свечен ручек.
Одлично се вклопува дури и во некои диети, комбинацијата ви ја препорачувам 🙂

Состојки

  • свинско филе
  • неколку цветови карфиол
  • црвена пиперка
  • сува пиперка
  • морков
  • лук
  • маслиново масло
  • сол, црвен пипер, црн пипер, сушен зачин, триена сол
  • рузмарин
  • кашкавал
  • печурки

Постапка

  1. Пиперките, карфиолот, морковот и лукот се подваруваат со капка маслиново масло и водичка.
  2. Потоа се цедат, се миксираат со сол и зачини по вкус, црвен пипер, црн бибер, триена сол..
  3. Месото се отвара, обично го сечам два пати и е доволно за ролат. Значи се засекува од  десно една третина, па се отвара на лева страна, а десната се засекува од средина и се отвара како книга.
  4. Се посолува со зачини, се става рузмарин повеќе.
  5. Се ренда кашкавал.
  6. Одозгора се става од пасираниот зеленчук како фил и врз него кашкавал во средина.
  7. Се витка и се врзува со конец да не се отвори.
  8. Се пржи на грил тава премачкана со маслиново.

Се сече, се вади конецот и се сервира со филот од зеленчук и печурки, но вие можете и со ориз, компир, по желба.

Месото треба да остане сочно внатре, да не се исуши, не му треба долга обработка на свинското филе. Печурките едноставно испечени на грил тавчето, може со лукче и рузмарин да се прелијат.
Преубав рецепт, го бев заборавила, а баш ми е префинето јадење и баш убаво сум искомбинирала. Пиперките му даваат преубав вкус, а за кашкавалот го знаете ефектот.
Е сега сум била полна суви пиперки тогаш и од нив сум ставила, ама и триената сол ми била актуелна 🙂 Е не морате вие, но јас кога ги имам, обавезно ги користам, посебен вкус се добива! Пробајте, ем декоративно, ем здраво 🙂

Пријатно!

П.С. Ете, и кога се работи за здраво јадење, мене прво ми е битно дали е вкусно, е потоа може да биде и здраво. Ако не е, има начини како да си го дотерате по ваш вкус, ова е само една варијанта.

Овде може да видите сличен рецепт. И овде, иако овие се печени, сепак се ролати.

 

Свинско филе со зеленчук и кашкавал

 

Свинско филе со зеленчук и кашкавал

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар