Грав со домат

 

Една од многуте варијанти на варен грав, посен.
Имам неколку начини за подготовка на гравот, а традиционалниот струмички, со црвен пипер, може да го видите овде.

Продолжи со читање “Грав со домат” →

Ѓувечиња

 

Ѓувечиња се овие мали тавчиња, а ние велиме маленки земјани тавички 🙂
Како и да се нарекуваат, многу го сакам вкусот на јадењето од нив.

Продолжи со читање “Ѓувечиња” →

Посен рататуј

Во семејството на маж ми, рататуј се правел со мелено месо, модар патлиџан, тиквица, домати и пиперки, кромид и лук, на коцки, варено на рингла.Така си сакале, како јанија…

Продолжи со читање “Посен рататуј” →

Тестенини со летна манџа

Летно време, само да имам сочни домати и ручекот е готов. Сос, тестенини, или мевце, пржено сиренце, готово…

Продолжи со читање “Тестенини со летна манџа” →

Млади бамји

Кога ќе излезат првите бамји, па уште ако си во Македонија, што да се рече…
Бамји на сто начини ќе да е 🙂

Продолжи со читање “Млади бамји” →

Чалбур со домати

Шакшука? Не! И оти не е наше, ќе го правиме, ќе се пофалиме…
Малку критика не е на одмет, нели?

Продолжи со читање “Чалбур со домати” →

Сите мои мусаки-обична со компир

 

Сега најобичната мусака со најстари фотки… Во иднина ќе ставам нови фотографии, но не сакам да си ги отфрлам првите фотографии, важни ми се и тие 🙂

Најобичната, класична мусака е со компири и мелено месо.

Компирите може да ги потпечете претходно во рерна. А баба ми и мајка ми едно време ги пржеа, но ете денес избегаваме.

Продолжи со читање “Сите мои мусаки-обична со компир” →

Пролетна посна тава

 

Еве една тава која ја правиме со мерак, на прагот на пролетта… Едноставна, а колоритна и… Откријте!

Продолжи со читање “Пролетна посна тава” →

Пржена пастрмка со сос и шпецли

 

Нешто од рибите ставив во тавата Риба во сос, нешто испржи Мишел и ете уште еден рецепт.

Инаку шпецлите се типичен швајцарски специјалитет кои сите ги обожуваат. Тие најчесто ги комбинираат со гулаш, зајак, дивеч…

Продолжи со читање “Пржена пастрмка со сос и шпецли” →

Риба во сос

 

Еве една старинска тава која ја имам во две варијанти, едната е со кромид, другата со лук.

Таа со лук баба и на Ива ја викаше нероврсто, така и мене ми остана, ќе ставам рецепт друг пат.
А денес со кромид, преубава тава која и баба ми и моите ја правеа, па и јас, секој со свои мали измени…
Можете да ја направите со која сакате риба, јас ја правев со пастрмка овој пат, ако рибата е без трње, без коски, поубаво е.

Продолжи со читање “Риба во сос” →