Комисброт фантазија

Ми останаа белки, па се знае, комисброт и тоа уште поубав :-), а рецептот може да го видите овде.
Ви го препрачувам колачот за празникот 🙂

Продолжи со читање “Комисброт фантазија”

Лиснати погачици со младо кромитче

 

Благодарение на видеата, денес може лесно да се направат сите рецепти. За жал, не можеме сите да имаме видеа од готвењето, снимањето бара уште поголем ангажман, повеќе лица или барем уште една особа плус. Затоа пак со цело срце ќе ви пренесам ако видам нешто интересно и го пробам! Продолжи со читање “Лиснати погачици со младо кромитче”

Ружички од кори

 

И овие ружички се многу брзи и лесни за правење. Сé што ви треба се убави еластични кори, фил по желба и имате декоративни ружички, а толку вкусни, крцкави и миризливи.

Продолжи со читање “Ружички од кори”

Потпечени кори (пржени)

 

И овој рецепт е многу баран, па еве да го поставам.
Интересно, вкусно, декоративно. А толку едноставно!

Потребни ви се подебелки кори, зашто јас со такви правев, словенски, тегнати.
Мислам дека има кај нас српски кори кои се подебелки, за гибаница, е такви треба за да не изгорат.

Продолжи со читање “Потпечени кори (пржени)”

Префинета пита

Ви ветив нешто ново, а тоа е аргентинска пита со еден фантастичен вкус.
Рецептот ми е од колешка од курсот по француски, Нури. Еден ден, драгата Нури која ни е највозрасната во групата, донесе пита, тенка, префинета, исечена на мали парчиња, преубава 🙂 .

Веднаш побарав рецепт, го стокмивме на многу јазици, а следниот час ми донесе точни дози. Веднаш ја направив, па уште еднаш, што да ви кажувам, пита над питите!
Добро сега, јас сум научена на тој благо-солен вкус во Струмица, но сите ја бендисаа!
За мене ќе остане баш тоа, префинета пита, благодарам Нури 🙂

Продолжи со читање “Префинета пита”

Кифлички од кори

 

Не знам како да ги наречам, ги видов под различни имиња, различни рецепти, па направив моја варијанта.
Употребив два типа на готови кори, затоа се различни малку.

Продолжи со читање “Кифлички од кори”

Најновите Ивини кошнички

 

Оваа година решив да направам розева кошничка, па направив две, една помала, друга поголема.

Тестото е розево од цвекло, поточно сокот од цвекло, па немав доволно, потоа ставав и блендирано цвекло.

Многу понежни се во природа, сепак сум задоволна, здравје, поубави догодина 🙂

Основниот рецепт може да го видите овде и овде.

Продолжи со читање “Најновите Ивини кошнички”

Переци

 

Кога пред 5 години го отворив фб профилот, бев тотална незналица за Интернетот.
Малку, по малку подучував за фб-от, но веднаш почнав да ставам рецепти, па отворивме фб страници и целосно се посветив на тоа.

Продолжи со читање “Переци”

Пиде со праз и карфиол

 

Турското пиде е нешто како пица, само што има форма на чамец. Мислам дека најчесто е со мелено месо, но и со најразлични додатоци. За разлика од пидето, лахмаџунот, преубав нивни специјалитет е со мелено месо, без толку зеленчуци…Е сега сите си правиме по свое, а како и не би, турската кујна ми е најубава, најблиска, без да навлегувам повеќе во таа тема 🙂

Веќе имам објавено рецепт кој може да го видите овде.

Оваа пиде е со праз и карфиол, ептен здраво пиде 🙂

Продолжи со читање “Пиде со праз и карфиол”

Бурек со сува пиперка

 

И покрај тоа што немам убави кори како кај нас, правам бурек, презадоволна сум, ама да не го правам толку често!!! Е ајде де, божем на диета сум, ама ми успеа вториот месец и да накачам! Ваква пита, онаков бурек, вакви колачи и толку е… Продолжи со читање “Бурек со сува пиперка”