Модар патлиџан со ајвар и павлака

Ако имате уште од стариот ајвар, време е да го потрошите, иако не верувам дека ви останал 🙂 Јас правам по малку, па морам после да се докупувам. На тема модриот патлиџан, уште по некој рецепт низ годините 🙂

Продолжи со читање “Модар патлиџан со ајвар и павлака”

Слатко од модри сливи 2, со печени бадеми

Рецептот за слаткото ми е преубав, но сливите овде кога ќе се излупат, се зеленикави, оние како за слатко. Всушност зелени се тие потврдите, или на сила зреани. А ако се зрели, тогаш се многу меки и не може да се сочуваат цели при варењето.

Продолжи со читање “Слатко од модри сливи 2, со печени бадеми”

Тавче грав со спанаќ

Спанаќот го имаме овде преку цела година, речиси, но ми се случило да нема неколку денови, баш кога најмногу ми треба 🙂
И ова јадење не сум го правела порано, но ете затоа го имаме интернетот.
Дали така сите го прават, не знам, но најчесто знам да го направам кога ќе ми остане грав. Тогаш е ептен брзо, се загрева тавчето со грав во рерна, но треба да е малку воденесто. Кога ќе почне да врие, се додава спанаќот, исецкан, и се допекува. Продолжи со читање “Тавче грав со спанаќ”