Свински кременадли со мајонез сос

 

Ако биде да биде, масно, не масно, убаво си е!

Ручекот од овој тип секогаш го нарекувам машки, зашто мажите не поминуваат баш многу време во кујна, а пржењето месо е ептен брзо… Иако има исклучоци, генерално е така. Е сега генерализациите не се добри, знам, но ајде нека биде мое мислење само…

Со каков мерак маж ми ги подготви, и тој како мене кога готви, не мрда од шпоретот или скарата…

Јас го смучкав сосот набрзина, па салатата и готов е ручекот! Или вечерата!

Продолжи со читање “Свински кременадли со мајонез сос”

Свински кременадли со кашкавал

 

Брз и едноставен ручек, а богат според состојките…

Продолжи со читање “Свински кременадли со кашкавал”

Татлии-татлија

 

Штом дојде пролетта во Струмица, се прави татлии со пресно сирење.
Се прави за Прочка, за Велигден, но и во обични денови.
Многу брзо се прави, ама сепак треба да ти се погоди, како велиме и на изглед, и на вкус и на шербет.

Инаку кај нас Струмичани, множината се користи да се изрази еднина, па така татлија тава е татлии. И едно парче е татлии. Токму тоа е една од главните одлики на струмичкиот дијалект, сигурно сум кажала веќе. Мислам дека се вели и татлииј, тоа ј едвај се слуша.
Но заради природните миграциските процеси, веќе овој говор е во изумирање.
Затоа од време на време го користам и на блогот, тоа е мојот јазик кој го употребувам и денеска, јазикот на кој сеуште си мислам 🙂

Татлиита често се меша со равании. Но разликата е огромна, раваниита не е со пресно сирење, а може да и се додаде ореви, бадеми…
Татлијата е без додатоци и се прави со пресно сирење.

Секако во Струмица опстојуваат повеќе рецепти во зависност од потеклото на оној што ја прави.

Продолжи со читање “Татлии-татлија”

Рафаело торта

 

 

Тортата ја видов кај Мои рецепти и знаев дека е по мој вкус.
Сега и дојде редот, благодарам Албетина, сепак брзо реагирам 🙂
Направив само минимални измени кои не го менуваат рецептот.

Да нагласам дека тортите кои ги правам не ми се нешто украсени од повеќе причини.
Припаѓам на генерација која правеше старински торти, па кога се појави хоплата, воопшто не се заинтересирав, посебно за фил, немав такви рецепти. Ниту еднаш не направив фил со хопла како ја викаат, со слатка павлака.
Во Швајцарија пак за торти се користи крема, а има две врсти, со 25% i 35% масленост, но за мене таа крема ќе остане чудна 🙂

Од друга страна, никогаш не научив ништо за украсувањето на торти, останува да им се воодушевувам на вистинските ремек дела кои се прават и да им заблагодарам на убавината која ни ја даваат.

И уште нешто, изборот на украси овде е минимален!

Иако не ги украсувам тортите, гарантирам за преубавиот вкус на оние неколку кои ги правам 🙂 Имено, во оваа торта, вкусот на кремата се изгуби целосно во преубавиот вкус на рафаелото и го добив токму оној  кој ми се допаѓа.

Продолжи со читање “Рафаело торта”

Еден поинаков зелник

Уште еден домаќински рецепт- Зелник со кисела зелка и грав.
Без киселата зелка и гравот, од здравствени причини не би требало да ни помине зимата.
Зелката полна со Ц витамин, гравот извор на протеини.
Верувале или не, со сите свои додатни вредни состојки го спасувале народот од многу болести и благодарение на нив преживувал.

Ако имате подготвено кисела зелка со гравче, или одделно, искористете ги, ставете ги во тесто и имате преубав ручек 🙂

Продолжи со читање “Еден поинаков зелник”

Турско пиде на мој начин

 

Турската пица, која ја нарекуваат пиде, има форма слична на пастрмајлијата.
Се полни најразлично, секој по свој вкус, разни комбинации…

Еве една моја варијанта.

Продолжи со читање “Турско пиде на мој начин”

Полнети пиперки со грав и спанаќ

Една вкусна варијанта на грав, може од конзерва, но може и домашно подготвен, како сакате.

Велам секогаш имаме периоди кога многу брзаме, а ни треба баш овој ручек 🙂
Затоа, припомогнете си, користете што може, во служба на брзиот ритам на времето.

Продолжи со читање “Полнети пиперки со грав и спанаќ”

Грав од конзерва

 

Сеуште го немам објавено рецептот за мојот грав, но ете му дојде редот на овој, зашто деновиве готвењето ми е многу брзинско, па и пишувањето рецепти.

Во Македонија никогаш, никогаш не сум користела грав од конзерва, но кога дојдов овде, набргу пробав, сеуште незнаејќи кое каде можам да го купам.
Швајцарците не јадат грав, бара долго подготвување, а тоа тие не го сакаат. Сепак може да се случи да го користат во некоја салата и затоа конзервите се добредојдени. Можеби во други кантони е поинау, но во мојот кантон е така.

Продолжи со читање “Грав од конзерва”

Кисела зелка со праз-посно

 

Посебно ја сликав зелката, зашто и посебно ја правев. Правев една посна тава и уште една со месо.

Мене не ми треба месо, може колбаси, но пак мала количина. Вака е преубава 🙂

Продолжи со читање “Кисела зелка со праз-посно”

Кисела зелка со свинско

 

Киселата зелка и последни тави-манџички за оваа зимска сезона…
Се изнајадовме сарми, посни, со месо, со ореви, праз, налик на прилепски, струмички, убавина 🙂

Оваа јадење е исто така традиционално, нема крај каде не се прави, како подварокот е…

Еве како јас го правам:

Продолжи со читање “Кисела зелка со свинско”