Лепче со палента

Леб од палента, француски…

Рецептот го изменив малку, си го прилагодив, а и ликот му го сменив, личен да ми биде 🙂
Мене ми изгледа како солен колач сега, толку е декоративен 🙂 Продолжи со читање “Лепче со палента”

Пататник со биено сирење

Уште еден пататник, и не знам што е поубаво, дали вкусот или изгледот…

Интернет е полн со рецепти и идеи, но сепак креативноста е во тоа да создадеме нешто ново, наше!

Продолжи со читање “Пататник со биено сирење”

Доматен сос

Без сосови не можеме да си замислиме, како риба, ќофте, ребра, тестенини и што ли уште не, како без сосови? И така комбинации разни, вкусови разни…

Продолжи со читање “Доматен сос”

Суви, везени пиперки со грав

И сега, она нашето, она по кое сме познати, суви пиперки со грав.
Срам да им е на оние кои се срамат од оваа наше прекрасно јадење или се мајтапат уште!
Таква вкусотија не знам дали постои на светот!

Продолжи со читање “Суви, везени пиперки со грав”

Модри патлиџани со биено сирење

Не знам колку веќе комбинации за модрите патлиџани имам и никогаш доста…
А за ова конкретно беше држ, не дај работава…

Продолжи со читање “Модри патлиџани со биено сирење”

Погачка (од Боден дедо третиот дел)

Како што веќе реков, третиот дел од Бодениот дедо го направив погачка, ама погачка ли излезе, мераклиска!

Продолжи со читање “Погачка (од Боден дедо третиот дел)”

Моите гурмански плескавици

Еве и мој рецепт за плескавици. Без кајмак не произнавам плескавици, тоа ми е основно, по урнек на северниот сосед, а нема поубави! Некогаш ставам внатре, некогаш одозгора, како и да е, кајмакот го надополнува вкусот онака како треба да биде, совршенн!

Продолжи со читање “Моите гурмански плескавици”

Печени крилца

Има ли некој што не сака крилца? Сите ги сакаме, најубавки се на скара, а еве и овој начин е многу добар. Наместо пржени со многу мрснина, повкусен и поздрав начин, печени во рерна, ама како?

Sирнете 🙂

Продолжи со читање “Печени крилца”

Солена тортица

Знаете дека жива се потресувам кога се фрла храна, на толку гладен свет, не разбирам!
Затоа имам и рецепти “од она што ќе остане”.
А за гладните, многу болна тема, да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња, да се надеваме, откако не сме во можност целосно да го смениме животот на Планетата…
Но можеби можеме малкуцка, секогаш да помогнеме!

Продолжи со читање “Солена тортица”

Модар патлиџан со палента

Не знам дали некој друг приготвува толку многу модри патлиџани и тиквици како мене.
Ги имаме цела година, вкусни се и веќе не ми се сезонска храна. Обавезно на неколку денови печам цели плехови и ги комбинирам на разни начини, за салати или оброци.

Продолжи со читање “Модар патлиџан со палента”